Римска Република (италијански: Repubblica Romana) — сестринска република на Првата Француска Република. Била прогласена на 18 февруари 1798 година, откако Луј-Александре Бертие, генерал на Наполеон, го окупирал градот Рим на 10 февруари. Била водена од Директориум од пет мажи и се состоела од територија освоена од Папската Држава. Папата Пиј VI е прогонет во Франција и умира таму во август 1799 година. Римската Република била краткотрајна, бидејќи неаполските трупи ја обновиле Папската Држава во октомври 1799 година. Категорија:Поранешни држави на Апенинскиот Полуостров Категорија:Поранешни републики Категорија:Наполеонски држави