Св. Никола — црква во битолското село Кукуречани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, изграден на западниот крај на селото. Според натписот на порталот на црковниот двор, црквата е изградена во 1875 година и поправена во 1998 година. Претставува куполна базилика со затворен трем на западната и поголем дел од јужната страна. На исток има полукружна апсида со самостоен покрив, расчленета на слепи ниши од пиластри со капители. На запад од храма има одделна куловидна камбанарија на два ката.
Поврзано Кукуречанска парохија Битолско архијерејско намесништво
Наводи
Кукуречани