Житошки манастир (во поново време познат и како Локвенски манастир) — манастир во јужниот дел на Македонија, сместен во рамки на атарот на селото Локвени, иако историски припаѓал на селото Житоше.

Местоположба

Манастирот се наоѓа во месноста Манастириште, јужно од некогашното село Долно Житоше (денес дел од Житоше). До него може да се дојде по земјен пат, кој е во лоша состојба.

Историја

За манастирот се верува дека е средновековен, иако според ктиторскиот натпис годината на изградба е 1627 година.

Манастирот бил доста познат и богат. Тој поседувал земја, шума и стока. На неговата манастирска слава се собирале гости од сите села.

По иселувањето на христијанското население од Долно Житоше, манастирот бил напуштен. Од 1912 година, грижата за него ја презеле христијаните од селото Локвени.

Наце Димов, заедно со крушевчанецот Марко Атанасов Мушевич–Македонец, кој е повикан од Наце, поднесуваат молба до Светиот синод на Руската православна црква и меморандум до Министерството за надворешни работи за отворање стручно (занаетчиско) училиште со интернат во разурнатиот Житошки манастир, каде ќе се предава на македонски јазик.

Во 1950-тите години, црквата и манастирот биле без земја, напуштени и полуразрушени. Со текот на времето, црквата целосна се разурнала.

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти.

Црква „Св. Атанасиј“

Црквата е единствениот храм во манастирот.

Конаци

Во 2016 година биле поставени темели за изградба на новите конаци на манастирот, а на чинот бил присутен митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Житоше Категорија:Локвени Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија