Славица Урумова-Марковска (, ) — македонска поетеса и книжевен историчар.

Животопис

Урумова-Марковска е родена во Скопје во 1987 година. Во родниот град завршува основно и средно образование, во 2010 година дипломирала македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а во 2017 година магистрирала на Институтот за национална историја каде е и докторанд на студиската програма Културна историја на Македонија. Работи како наставник по македонски јазик и книжевност.

Учествувала на повеќе поетски фестивали. Нејзини песни се застапени во зборници и избори во земјава и странство. Повеќето нејзини песни се објавени во литературните алманаси на ЛК Мугри, списанието Современост и Тренд (од Скопје), Авангард (Сомбор), Поета (Белград). Има учествувано на повеќе поетски манифестации: „Караманови средби“ – Радовиш; 2009, 2010 и 2011 година е учесник на „Струшките вечери на поезијата“ за млади поети – „Ноќи без интерпункција“ Струга, „Белa ноќ“ во Скопје, „Гарави сокак“ (2010) Инѓија, манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ (2011, 2020) Струмица.

Нејзините песни се преведувани на турски, српски, албански, бугарски и англиски јазик.

Творештво

Автор е на монографијата: Манастирите во скопската област како духовни и културни центри во средниот век (2019 год.) во издание на Восток.

Поезија

Авторка е на повеќе книги поезија: Кога љубовта цвета (2003), Лавиринт на љубовта (2004), Сложувалка (2005), Зад виножитото (2005) која е објавена со група автори; Искри на љубовта (2006), Пајтон на времето (2007), Потези (2020), Планета со две Сонца (2021) и Алфа и Омега (2021).

Трудови

Ги објавила или презентирала трудовите: Urumova – Markovska, S. (2018). THE LINE BETWEEN THE LIFE AND DEATH IN THE MACEDONIAN TRADITION AND IN THE PROSE OF MITKO MADZHUNKOV. Урумова – Марковска, С. (2019). ЃАВОЛОТ И САМОВИЛИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР И НИВНАТА ИМАГИНАРНА ПРЕОБРАЗБА ВО РАСКАЗИТЕ НА МИТКО МАЏУНКОВ. Филко, 3, Штип: 26-27 април 2018, 701 Урумова-Марковска, С. (2019). ДОМОТ КАКО ТРАДИЦИЈА ВО РАСКАЗИТЕ НА МАЏУНКОВ. Палимпсест, Год. 4, Бр. 7 Штип, 203.

Награди

2010, Прва награда „Магда Симин“ во категорија до 30 години, Нови Сад 2020, Втора награда на седмото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри”, Гостивар, 2020 2021, Награда „Бели мугри“ за стихозбирката „Алфа и Омега“

Наводи

Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски историчари на културата Категорија:Добитници на наградата „Бели мугри“