Драган Најденовски (, ) — македонски сликар.

Животопис Најденовски е роден во село Брод во 1956 година. Средно техничко училиште завршил во Битола и работел во струката сè додека целосно не му се посветил на сликањето како самостоен ликовен уметник.

Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и Друштвото на ликовните уметници на Битола (ДЛУБ), а бил и претседател на ДЛУБ во еден мандат.

Осврти За ликовното творештво на Драган Најденовски, писателот Панде Манојлов напишал:

Независни изложби Најденовски има бројни независни изложби: 2020 – „Ликовни предели“, Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; 2005 – Битола, Ликовна галерија; Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; Куманово, Културен центар 2003 – Струмица, Салон „Јоска Свештарот“ 2001 – Пазарџик, Бугарија, Галерија „Георги Масев“; Панаѓуриште, Бугарија, Градски музеј 2000 – Кавадарци, Младински културен центар 1998 – Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; Скопје, Галерија КО-РА 1997 – Битола, Ликовен салон на ДЛУБ 1994 – Битола, Галерија „Ван Гог“ 1989 – Битола, Уметничка галерија 1987 – Битола, Дом на културата – ликовен салон 1984 - Грачац 1983 - Сараево

Награди 2017, Награда „4 Ноември“ за неговата огромна ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола

Наводи

Надворешни врски 35 години творештво на Драган Најденовски

Категорија:Македонски сликари Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Членови на ДЛУБ Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“