Успение на пресв. Богородица — црква кај битолското село Драгожани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен јужно над селото, на Облаковска Планина. Изградена е во 1875 година. На североисток има самостојна куловодна камена камбанарија на два ката. Храмот има голем затворен трем на запад. Изѕидан е од камен со украсни појаси од тули. Тулни украси има и над прозорците.
Поврзано Лисолајска парохија Битолско архијерејско намесништво
Наводи
Драгожани