Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во битолското село Кравари, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во близина на археолошкото наоѓалиште Жеждево, во непосредна близина на државниот пат А3, кој поминува низ селото Кравари.
Околу црквата се наоѓаат селските гробишта, со што таа е гробишен храм.
Историја
Изградена е во 1894 година. Обновена е во 1917 и осветена во 1932 година. Била реконструирана во периодот 1991-2005. Изградбата на храмот, како задужбина, ја финансирале Стево и Стојна од село Градешница кои живееле во САД.
Храмот бил уништен за време на Првата светска војна.
Според кажувањето на старите краварци, пред изградбата на постојниот храм, на истото место имаало мало црквиче со икона на Света Богородица. Во него краварци палеле свеќи и ги изразувале своите верски чувства.
Архитектура
Претставува голема базилика со отворен ѕидат трем на запад и југ кој има повеќе последователни покриви. На северозапад има помошна градба со куловидна камбанарија на шест ката.
Забележително е тоа што црквата е подигната на тумба во месноста Старо Село, каде има остатоци од населба од неолитот, бакарното и бронзеното време.
Околу црквата се забележуваат стари гробови.
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис, кој го добила со осветувањето во периодот 1931-1932 година.
Иконостас
Во периодот 1931-1932, храмот добил и иконостас.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Краварско-бачка парохија Кравари
Наводи
Надворешни врски
Кравари