Прва оперативна зона на НОВ на Македонија ― формирана во мај 1943 година, во реонот на Лопушник, на планината Бистра.
Територија Зоната го опфаќала просторот северно од линијата: Дебар, Кичево, Македонски Брод, Богомила и Велес и западно од линијата Велес-Скопје-Качаник, со градовите Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово. Со наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 13 август, 1943 година, нејзиниот штаб бил реорганизиран, а во првата половина на октомври 1943 година, истиот бил укинат. Единиците од Првата оперативна зона влегле во Групата баталјони, која била под непосредна команда на Главниот штаб.
Од август 1944 година, нејзиниот простор потпаднал под Четвртата оперативна зона на НОВ на Македонија, а согласно таа распределба и територијално била изменета. Од август 1944 година, го опфаќала просторот со градовите: Скопје, Куманово, Кратово, Крива Паланка и Прешево.
Битки На 4 август, 1943 година, била извршена првата акција на одредот - напад на карабинеријата при електричната централа во селото Вруток, каде биле заробени: еден маршал, два бригадира и 5 карабинери. додека од оружје било запленето: 1 пушкомитралез, 7 пушки, 15 бомби, 7 револвери и друг материјал. Истиот ден извршиле напад на колона на патот Маврово-Гостивар, каде биле уништени 3 камиони и еден блиндиран автомобил, при што биле убиени значителен број на окупаторски полицајци и војска. На 12 септември 1943 година, Првиот партизански одред при I оперативна зона водел борба кај селото Бигор против бугарската војска која се обидела да навлезе во слободната територија.
Иван Дојчинов ја напишал песната „Партизанска химна на Првата оперативна зона“ која е објавена во првата стихозбирка на „Македонски народно-ослободителни песни“.Блаже Ристовски (уредник) „Рациновите македонски народно-ослободителни песни“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 53 стр.
Состав
Иван Дојчинов - командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Елисие Поповски — Марко - Политички комесар на Штабот на I-та Оперативна зона Хамди Дема - Командант на Штабот на I-та Оперативна зона
Поврзано
Втора оперативна зона на НОВ на Македонија Трета оперативна зона на НОВ на Македонија Четврта оперативна зона на НОВ на Македонија Петта оперативна зона на НОВ на Македонија
Наводи
Надворешни врски
Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона Македонската земја одново доживува поделба Прoглас на Штабот на Првата оперативна зона за воспоставување на органи на народната власт во слободниот град Кичево
Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:НОБ