мини|272x272пкс|Милош Цветковиќ Милош Цветковиќ (роден на 6 јануари 1990 година) е српски фудбалер кој игра на позицијта на десен бек. Моментално настапува во екипата на Младост од Лучани.
Клупска кариера
Земун Милош Цветковиќ е роден во Белград. На тимот на ФК Земун му се приклучил во 2005 година. Таму ја изградил својата младинска кариера, а подоцна започнал да игра професионален фудбал за сениорскиот тим. Претходно бил член на младинските категории екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Цветковиќ својот прв натпревар за сениорската екипа на Земун ја имал на 10 ноември 2007 година, на 17-годишна возраст, заменувајќи го Бошко Чворков во второто полувреме од натпреварот против екипата на РФК Нови Сад. Тој одиграл уште еден натпревар, против тимот на ОФК Младеновац до крајот на сезоната 2007–08. Откако клубот испаднал од српската прва лига, Цветковиќ одиграл дополнителни 24 натпревари во сезоната 2008-09 но во српската лига на Белград, придонесувајќи за враќање на клубот во повисок ранг на натпреварување. Помеѓу 2009 и 2011 година има одиграно 45 натпревари во Првата лига за клубот на Земун.
Рад / Палиќ Милош му се приклучил на тимот на ФК Рад во летото 2011 година, но, набргу потоа бил позајмен на тимот на Палиќ, каде што ја поминал првата половина од сезоната 2011-12. За екипата на Палиќ одиграл 10 натпревари во српската лига на Војводина со просечен рејтинг на оценки од 7,05.
Хајдук Кула На почетокот на 2012 година Цветковиќ се преселил во тимот на Хајдук од Кула. Тој пристигнал во клубот како резерва за фудбалерот Бранко Пауљевиќ. Настапувал на позицијта на лев бек до крајот на сезоната 2011–12 во српската Суперлига. По својата прва сезона во Суперлигата, Цветковиќ ја започнал новата сезона како резервен играч, но подоцна станал прв избор и тоа на десната бековска позиција. На 20 октомври 2012 година, постигнал гол на натпреварот против екипата на Војводина. Во текот на сезоната играл и како лев бек и како дефанзивен играч за врска. Цветковиќ го напуштил клубот како слободен играч, откако истиот се распаднал и прекинал да постои.
Напредак Крушевац Во летото 2013 година, Цветковиќ потпишал тригодишен договор со екипата на Напредок од Крушевац. Тој одиграл 27 лигашки натпревари и 2 натпревари во купот во сезоната 2013-2014. Во првата половина од сезоната 2014-15, со клубот на Напредок од Крушевац имал одиграно 10 натпревари во лигашкиот дел и еден натпревар во делот на купот.
Црвена ѕвезда Белград По повредата на Марко Петковиќ, Милош Цветковиќ се приклучил на екипата на Црвена ѕвезда од Белград и тоа по препорака на Ненад Лалатовиќ. Тој во декември 2014 година потпишал двегодишен договор со клубот. До крајот на сезоната одиграл 14 натпревари и постигнал 1 гол, и тоа против тимот на Нови Пазар. Откако тренерот Миодраг Божовиќ го заменил тренерот Лалатовиќ, Цветковиќ и понатаму останал во првиот тим на почетокот на сезоната 2015-16, но подоцна постепено се преселувал на клупата за резервни играчи и остатокот од сезоната во најголем дел бил на таа позиција. Подоцна заработил повреда и бил оддалечен од тимот. Тренерот Божовиќ во новата сезона започнал да го користи Цветковиќ како прв избор на десната бековска позиција. И покрај тешкиот пораз од екипата Лудогорец од Разград, во вториот натпревар од третото квалификациско коло на УЕФА Лигата на шампиони 2016-2017, Цветковиќ бил еден од најдобрите поединци на тој натпревар. Тој имал асистенција на неговиот прв одигран натпревар во сезоната 2016-17 во српската Суперлига, против клубот на Вождовац. По истекот на договорот, Цветковиќ го напуштил клубот.
Враќање во Напредак Крушевац Во февруари 2017 година, Цветковиќ се вратил во екипата на Напредок Крушевац.
Левски Софија На 16 јуни 2017 година, Милош Цветковиќ потпишал со бугарскиот клуб Левски од Софија за период од 2+1 година.
Статистика во кариерата
Клупска статистика
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЗемун2007–08Прва Лига20———202008–09Белградска Лига240———2402009–10Прва Лига310———3102010–11140———140Вкупно710———710Рад2011–12Суперлига—————Палиќ (како позајмен играч)2011–12Лига на Војводина100———100Хајдук од Кула2011–12Суперлига80———802012–1325120——271Вкупно33120——351Напредак од Крушевац2013–14СуперЛига27020——2902014–1510010——110Вкупно37030——400Црвена ѕвезда од Белград2014–15Суперлига141———1412015–16801020—1102016–17200060—80Вкупно2411080—331Напредок од Крушевац2016–17Суперлига100———100Левски Софија2017–18Прва Лига2904040—3702018–192802020—320Вкупно5706060—690Вкупно во кариерата2422120140—2682
Признанија
Клупски признанија
Земун
Освоена е Српската лига Белград: 2008–09
Црвена ѕвезда Белград
Освоена е Српската Суперлига: 2015–16
Наводи
Надворешни врски Статистика на Милош Цветковиќ на utakmica.rs
Профил на Levskisofia.info
Категорија:Фудбалери на ПФК Левски (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година