мини|300п|десно|Поглед на објекти на поранешниот рудник „Радуша“

Радуша — поранешен рудник на хромова руда, кој се наоѓа на 18 километри северозападно од градот Скопје. Околу рудникот била создадена рудничка колонија, која и денес се води како посебна административна единица со името Рудник Радуша. Рудникот влегувал во рамки на ХЕК „Југохром“.

На местото на депонијата на рудникот се создало езеро Радуша (акумулација „Такбол“), откако рудникот престанал да работи.

Опис

Радушкиот масив е најголем (околу 70 километри) и се смета за најрудоносен. Во неговиот подински дел преовладуваат дунити и харцбургити, каде што се и најзначајните рудни тела. Средната зона на масивот е изградена од харцбургити и лерзолити, каде што хромната минерализација е незначајна. Во кровинскиот дел дунитите се позастапени и минерализацијата е поприсутна. Хромните рудни тела се поврзани за дунитите со едноставна минерализација. Вкупните рудни резерви се 649.905 тони.

Историја

Рудникот не бил оштетен за време на Скопскиот земјотрес, но сите негови инженери освен еден настрадале во земјотресот.

Рудникот Радуша заминал во банкрот во 1974 година.

Галерија

Поврзано Хром ХЕК „Југохром“ Рудник Радуша Радуша

Наводи

Категорија:Рудници во Македонија Категорија:Рудник Радуша Категорија:Радуша