мини|Милош Трифуновиќ во дресот на ФК Јавор во 2008 година Милош Трифуновиќ (роден на 15 октомври 1984 година) бил поранешен српски фудбалер.
Клупска кариера Откако настапувал за младинскиот тим на гигантот Црвена ѕвезда од Белград, Милош ја започнал својата сениорска кариера во помалите клубови како Рибница од Мионица и ФК Белград.
Во летото 2004 година тој се преселил во црногорскиот клуб Јединство од Бијело Поље, каде што настапувал во наредните две години, од кои втората сезона 2005–06 клубот се натпреварувал во Првата лига на Србија и Црна Гора.
Во пролетта 2006 година, Трифуновиќ минал краток период во шведскиот клуб Карлштад Јунајтед БК, пред да потпише договор во наредната сезона за српскиот Суперлигашки клуб ФК Борац од Чачак. По шест месеци минати во клубот од Чачак, тој бил испратен како позајмен играч до крајот на сезоната во екипата на ФК Јавор. На крајот од тековната сезона го потпишал конечниот договор. Во екипата на Јавор, Трифинувовиќ останал до месец декември 2009 година, кога преминал во составот на Црвена ѕвезда, истиот клуб каде што ја започнал кариерата.
Од почетокот на 2011 година Милош Трифуновиќ бил позајмен играч во екипата на ФК Бунјодкор и тоа за период за целата сезона 2011 година. Подоцна, во јануари 2012 година тој преминал во кинескиот клуб Љаонинг Хувин. Во месец февруари 2014 година, Трифуновиќ се преселил во казахстанскиот клуб ФК Атирау. По две години минати во Казахстан, во месец јули 2015 година се вратил во српската Суперлига и тоа во дресот на екипата на Раднички од Ниш. Во месец септември 2015 година, потпишал за составот на Њукасл Џетс и тоа како странски играч.
На 8 април 2016 година, Трифуновиќ се вратил во Казахстанската Премиер лига, потпишувајќи за екипата на ФК Ордабаши. Два месеци подоцна, на 8 јуни 2016 година, Трифуновиќ го напуштил тимот на Ордабаши со заедничка согласност помеѓу двете страни.
Еден месец подоцна, Трифуновиќ потпишал двегодишен договор со српската екипа на Војводина. По краткиот период во составот на Радник од Сурдулица на почетокот на 2017 година, Трифуновиќ во летото истата година се преселил во екипата на Младост од Лучани. Во месец јули 2018 година Трифуновиќ преминал во екипата на АГМК. Во месец јануари 2019 година, Трифуновиќ преминал во составот на Рад од Белград и тоа на слободен трансфер.
Статистика во кариерата
Клупска статостика
+Одиграни натпревари, постигнати голови во различни сезони и во различни клубовиКлубСезонаЛигашки натпревариНационален купКонтинетални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГооловиФК Црвена ѕвезда2009–10Српска Суперлига 11223——1352010–111563221—209Вкупно2685521—3314Бунјодкор (како позајмен играч)2011Узбекистанска Лига25173273—3522Љаонинг Хувин2012Кинеска Супер Лига24844——2812201320513——218Вкупно441357——4920Атирау2014Казастанска Премиер Лига321322——341520159110——101Вкупно411432——4416Раднички од Ниш2015–16Српска Суперлига7200——72Њукасл Џетс2015–16A - Лига22900——229Ордабаши2016Казастанска Премиер лИга4010——50Војводина2016–17Српска Суперлига1220040—162Раднички од Сурдулица8500——85Младост од Лучани2017–182983320—3411Вкупно во кариерата218782019154—253101
Клуска статистика
Јавор Ивањица
Освоена е Српската прва лига: 2007–08
Црвена ѕвезда од Белград
Освоен е Купот на Србија (1): 2009–10
Бунјодкор
Освоена е Узбекистанска лига (1): 2011 година
Младост од Лучани
Второпласирани или Вицешампиони во Купот на Србија: 2017–18
ФК АГМК
Освоен е Купот на Узбекистан (1): 2018 година
Поединечни успеси
Член на тимот на годината во Узбекистанска лига (1): 2011 година Најдобар стрелец во Узбекистанската лига (1): 2011 година
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Живи луѓе