Куќишта — археолошко наоѓалиште во скопското село Матка, Општина Сарај. Претставува населба од доцноантичкото време.

На околу 300 м североисточно од селото и месноста Ограда, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Според кажувањето на жителите, при изградбата на една викендичка било откриено едно депо на римски бронзени монети.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи