Крупнодамчестиот синец (Phengaris arion) е вид на пеперутка од фамилијата синци. Видот првпат бил дефиниран во 1758 година и првпат е забележан во Британија во 1795 година. Во 1979 година, видот скоро исчезнал во Британија, но успешно бил повторно воведен со нови методи за зачувување. Во моментов пеперугата е класифицирана како „речиси загрозена“ на Црвената листа на загрозени видови на IUCN. Денес пеперугата може да се најде во Европа, Кавказ, Ерменија, западен Сибир, Алтај, северозападен Казахстан и Сечуан
Крупнодамчестиот синец може да се разликува по своите уникатни попрскани црни точки на крилјата со сина позадина.
Подвидови P. a. arion, Европа до Казахстан P. a. delphinatus (Fruhstorfer, 1910) P. a. zara Jachontov, 1935 КавказButterfly Conservation Armenia P. a. buholzeri Rezbanyai, 1978 P. a. eutyphron Fruhstorfer, 1915 порано во Британија
Опис Гасениците растат до околу 13 милиметри во должина и поминуваат до 9 месеци пред да се подложат на метаморфоза за да станат пеперутка. Пеперутките се едни од најголемите во фамилијата. Имаат распон на крилјата до 51 милиметар и живеат само неколку недели. Крилата на големата сина пеперутка се попрскани со црни точки.
Наводи
Надворешни врски
Животен циклус Конзервација на пеперутки
Категорија:Синци Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј