Ногаевски Пат — археолошко наоѓалиште во селото Убого во Општина Градско. Претставува населба од неолитското време.

Местоположба Ногаевски Пат се наоѓа во непосредна близина на селото, до задружните штали на десната страна на Брегалница и покрај патот за селото Ногаевци.

Ископувања и наоди На рамно плато, на површина од 1,5 хектар се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба и фина фактура, како и многу фрагменти од сликана керамика. Исто така, откриени се камени и кремени орудија. Наодите се чуваат во Музејот во Велес.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко

Наводи