Скривница — археолошко наоѓалиште во селото Еловец во Општина Чашка. Претставува некропола од доцноантичкото време.
Местоположба Скривница се наоѓа на околу 1 км западно од селото, лево од стариот пат за селото Лисиче.
Ископувања и наоди Денес се гледа свод ѕидан од тули и варов малтер. Околу градбата се среќаваат фрагменти од керамички садови. Се работи најверојатно за гробница околу која постојат гробови со гробна конструкција од камени плочи.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко
Наводи