Свет Никола Долни () — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“. Го носи името на големиот дол (γούρνα, гурна) кој постоел меѓу оваа црква и црквата „Големи Свети Бессребреници“, и кој порано ги собирал водите од берските канали и ги носел во полето.

Црквата е изградена на почетокот на XV век. Првично бил еднокорабен храм. По големи интервенции на од крајот на XV до почетокот на XVI век претворен е во трикорабна базилика со дрвен покрив. Живописот во конхата на апсидата се од времето на изградба на храмот, а оние во нартексот, каде е претставена и починатата ктиторка, Васило од Бер датираат од 1525 г. Зачувани се и подоцнежни фрески од XVII век. Авторот на живописод од XVII век работел и во храмот „Св. Никола Рибарски“.

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Надворешни врски

Никола Долни Никола Долни, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер