Свети Никола Блажен () — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.

Црквата е подигната во XVI век. Првично бил еднокорабен храм со дрвен покрив. На почетокот на XVIII век црквата претрпела многу архитектонскиинтервенции, така што денес е зачуван само дел од западниот ѕид. Според натписот од 1571 – 1573 г. ктиторка на цкрвата била монахињата Ревека. Во припратата на западниот ѕид во жртвеникот се зачувани фрески од XVI и XVIII век.

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Никола Блажен Никола Блажен, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер