Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Долно Кочан, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.

Жителите на селото се Грци од Источна Тракија (Турција), дојдени од селото Димокранија (Ѓузелџе) и во 1923 г. Тие се населиле во селото Кочан во кое дотогаш живееле Македонци муслимани. Тамошната џамија ја претвориле во црква и во неа ја донеле скапоцената икона „Пресвета Богородица Димокраниска“. Во 1950-тите поради свлечишта се преместиле надолу и го основале новото село Долно Кочан.

Парохиската црква „Успение на пресв. Богородица“ е подигната на висок рид и доминира во центарот на селото и претставува трикорабна базилика. Камен-темелникот е поставен на 15 декември 1961 г. од митрополитот Амвросиј Правишки. Отворена е на 23 септември 1973 г. од истиот митрополит. Во храмот се чува чудотворната икона на Богородица донесена од Димокранија во Турција.

Поврзано Правишка епархија

Наводи

Богородица Успение, Долно Кочан Богородица Успение, Долно Кочан Категорија:Појавено во 1961 година