Балкански јазичен сојуз претставува структурална и граматичка нивелација на балканските јазици, резултат од активниот соживот на балканските народи во регион без граници под исти економски и културни околности: полуномадско сточарство, заеднички пазари, мешани бракови и др. Доминацијата на грчката култура и римската администрација поставиле основа на балканскиот јазичен сојуз. Погодни услови за таков развој имало и под Византија, а процесот бил забрзан под османлиска доминација, кога христијанската вера на немуслиманско население му служела и за национална идентификација. Потребата од заемно разбирање ги довела луѓето до масовна дво- и тројазичност, што придонело за спонтано образување на заедничка структура во разнородните балкански јазици.

Нивните заеднички структурни особености -балканизми (аналитичка деклинација, описна компарација, удвојување на објектот и др.) претставуваат уникатна појава. Според мерката до која е стигнат развојот на овие особености во еден балкански јазик, се суди и за степенот на неговата балканизација. Македонскиот припаѓа кон централниот круг (аромански, јужноалбански тоскиски дијалект и бугарскиот). Во јазиците од вториот круг (новогрчки, северноалбански гегски дијалект, југоисточни српски говори и европски турски) развојот на некои балкански црти е недовршен.

Историја Прв кој ги забележал сличностите помеѓу балканските јазици кои припаѓаат на различни јазични фамилии бил славистот Јернеј Копитар во 1829. Август Шлајхер (1850)August Schleicher, Linguistische Untersuchungen, vol. 2: Die Sprachen Europas in systematischer Übersicht. Bonn: H.B. König, 1850. поексплицитно го развил концептот за ареална поврзаност наспроти генетската, а Франц Миклошич (1861) ги изучувал врските помеѓу словенските и романските јазици на Балканот.

Одлики Падежен систем Бројот на падежи е редуциран, а некои од падежите се заменети со предлози. Во развојот на бугарскиот и македонскиот јазик дошло до губење на сите падежи, освен вокативот.

Падежниот систем на балканските јазици обично го сочинуваат следниве падежи:

Номинатив Акузатив Датив / Генетив Вокатив

Губење на инфинитивот Употребата на инфинитивот (која е заедничка за останатите Романски и Словенски јазици) во Балканските јазици претежно е заменета со субјунктивни конструкции, по примерот на грчкиот јазик.

На пример, „Сакам да пишувам“ на неколку балкански јазици: Јазик Пример Забелешка Албански Аромански Македонски [] Бугарски [] Современ грчки [] спротивно на постарото Романски (со субјунктив) (со инфинитив)Употребата на инфинитив се претпочита само во некои случаи во пишана форма. Во говорот почесто се користи на север (Трансилванија, Банат и Молдавија) отколку на југ (Влашко). Најчесто користена форма сепак е со субјунктив. Српскохрватски / За разлика од политературната форма: / , каде што / е инфинитив. И двете форми се граматички исправни во стандардниот српски јазик и не предизвикуваат недоразбирање, иако во секојдневниот разговор почесто се користи формата без инфинитив. Бугарско турски Во стандардниот турски во Турција ова е каде што е инфинитив. Балканско Ромски

Постпозитивен член Одлика на балканските јазици е постпозитивниот член, т.е. тој доаѓа како наставка на именката. Ниту еден од другите сродни јазици (како што се другите романски и словенски јазици) ја немаат оваа одлика. Можно е постпозитивниот член кај источните јужнословенски јазици (македонски, бугарски) да се јавил како резултат на влијанието од источнороманските јазици (романски или влашки) за време на Средниот век.Theodor Capidan, Raporturile lingvistice slavo-române. I. Influența română asupra limbei bulgare, Dacoromania. Buletinul „Muzeului Limbei Române”, III, Editura Institutului de Arte Grafice „Ardealul”, Cluj-Napoca, 1922-1923, p. 123-124 Кај словенските јазици постпозитивен член може да се сретне и во некои северноруски дијалекти (спротивно на општата тенденција во источнословенската група на јазици). За разлика од овие дијалекти, појавата на членот во македонскиот и бугарскиот јазик не може да се смета за самостојна појава, независна од контактот со балканските јазици.

Јазик Женски род Машки род нечленувана именка членувана именка нечленувана именка членувана именка Албански grua gruaja burrë burri Влашки muljari muljarea bărbat bărbatlu Бугарски жена жената мъж мъжът Грчки γυναίκα η γυναίκα άντρας ο άντρας МакедонскиIn Macedonian there are three types of definite articles. In this example the common definite article is given. жена жената маж мажот Романски femeie muiere femeia muierea bărbat bărbatul Торлачки жена жената муж мужът

Лексика Неколку стотини зборови се заеднички за Балканските јазици; нивното потекло е грчко, словенско или турско.

Потекло на зборот Праформа албански бугарски грчки романски македонски српскилатинскоmensamencaмаса —masăмаса —тракискоrompearrufëруфияρομφαία —ровја —средногрчкоλιβάδιονlivadheливадаλιβάδιlivadăливадаливадасредногрчкоδιδάσκαλοςdhaskal (mësues)даскал (разг.)δάσκαλοςdascălдаскал (разг.)средногрчкоκουτίονkutiкутияκουτίcutieкутијакутијасловенско*pъrčьpurtsпръчπούρτσοςpurtsпрчпрчтурскоboyabojëбояμπογιάboiaбојабоја

Наводи

Категорија:Балкански Полуостров