Алеко Константинов () (1 јануари 1863 – 11 мај 1897) (NS: 13 јануари 1863 – 23 мај 1897) бил бугарски писател, познат по неговото дело Бај Гањо, еден од најпознатите ликови во бугарската белетристика.
Биографија Роден во семејство на богат трговец во градот Свиштов на реката Дунав. Студирал на Правниот факултет на Универзитетот во Одеса, а дипломирал во 1885 година. Работел како правник во Софија, пред да започне кариера како писател. Како кандидат на опозицијата, учествувал на изборите за Народното собрание, одржани на 11 септември 1894 година, а своето лошо искуство од изборите подоцна го опишал во расказот „Бај Гањо прави избори“.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 105.
Неговиот прв роман, напишан во форма на збирка раскази, „Бај Гањо“, го опишува патувањето на еден трговец на ружино масло и килими низ Западна Европа. Иако безобразен и несмасен, Бај Гањо, се покажува како генијален, а некои го сметаат за огледало на Бугарија која во тоа време се модернизирала. Се верува дека овој лик е инспириран од трговецот од Карлово, Гањо Сомов.
Константинов, космополитски патник, бил првиот Бугарин кој пишувал за неговите посети на Западна Европа и САД. Тој ги посетил Светските изложби во Париз во 1889, Прага во 1891 и Чикаго во 1893 - при што ги посетил и Нијагарините водопади - што му обезбедил на бугарскиот читател, кој неодамна добил независност од 500 годишното Османлиско ропство, портрет на развиениот свет.
Категорија:Луѓе од Свиштов Категорија:Бугарски писатели Категорија:Родени во 1863 година Категорија:Починати во 1897 година