мини|Ледената плоча Џорџ VI Џорџ VI () — голема ледена плоча во теснецот Џорџ VI кој го двои Александровиот Остров од Палмеровата Земја на Антарктикот. Плочата се протега од Ронеовиот Приод на југозападниот крај на теснецот, до островот Низник, околу 30 морски милји (56 км) јужно од северниот приод помеѓу ’ртовите Браун и Џереми.
Наречен е по британскиот крал Џорџ VI поради поврзаноста со истоимениот теснец.
Извори
Наводи
Категорија:Ледени плочи на Антарктикот Категорија:Александров Остров Категорија:Палмерова Земја