мини|Руска православна калуѓерка облечена во апостолник. Апостолник или епимандилион ― дел од свештеничка облека што ја носат православните и источнокатоличките монахињи. Тоа е платнен превез што ја покрива главата, вратот и рамената слично на химарскиот облик на хиџаб што го носат муслиманките, обично црни, но понекогаш и бели. Понекогаш е носено со скуфија.
Монахињата обично го прима апостолникот кога ќе стане новицијат. Додека обично е заменет со епанокамелавкион кога монахињата ќе стане расофор, многу монахињи ќе продолжат да носат апостолник заради погодност, исто како што монахот ќе продолжи да носи скуфија наместо клобук кога не присуствува на литургија.
Во некои обреди, новицијатите ќе носат црна шамија што ја покрива главата и ќе ја врзува под брадата. Таа потоа ќе го прими апостолникот на нејзиниот постриг. Во оваа практика, епанокамелавкион може да биде резервиран за игуманијата и за монахињите на схимата.
Поврзано Кукулион Скуфија Клобук
Наводи
Категорија:Покривки за главата Категорија:Источнокатолички монахињи Категорија:Православни монахињи Категорија:Источнохристијански елеци Категорија:Грцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ