Света Троица — црква на висорамнината Витачево, во атарот на селото Ваташа.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола, а на секоја страна од куполата има по една монофора. Црквата има полукружна апсида на источната страна, како и полукружни крила на јужната и северната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има застаклен мозаик на којшто е претставен Исус Христос, а храмот има и споеден влез на јужната страна. На западниот и јужниот ѕид се закачени по две застаклени слики на коишто се насликани светци. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.

Галерија

Поврзано Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ваташа Црква „Св. Никола“ - Ваташа Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ваташа Ваташа Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Ваташка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ваташа Ваташа