Седумте мажи на Евелин Хуго е историски драмски роман на американскиот романописец Тејлор Џенкинс Рејд, објавен од Атриа Букс во 2017 година. Ја раскажува приказната за измислената холивудска ѕвезда Евелин Хуго, која на 79-годишна возраст го дава последното интервју на непознатата новинарка Моник Грант.
Романот беше номиниран за наградата Гудридс за најдобра историска фикција во 2017 година.
Структура на книгата Книгата е поделена на седум делови, именувани по сопрузите на Хуго со цел да го опише нејзиниот живот за време на браковите и аферите што таа ги доживеала; исто така, насловите содржат придавки за да ги нагласат чувствата и мислењата на Хуго за нив. На пример, „Брилијантен, љубезен, измачен, Хари Камерон“ и „Проклет Дон Адлер“.
Заплет Евелин Хуго, повлечена поранешна холивудска ѕвезда, објавува аукција во која ќе се продаваа нејзината колекција фустани. Аукцијата ја организира со цел да собере пари за добротворна организација за рак на дојка во чест на нејзината покојна ќерка. Таа конкретно ја бара репортерката Моник Грант да ја интервјуира за аукцијата. Моник, е збунета зошто Евелин инсистира токму таа да го води интервјуто, бидејќи нема лична врска со неа. На нивната средба, Евелин открива дека не е заинтересирана да даде интервју за списанието, туку сака Моник да ја напише нејзината биографија. Под притисок да даде објаснување, Евелин ѝ кажува на Моник дека ја нашла преку статија што таа ја напишала за потпомогнато самоубиство, и ветува дека ќе одговори на сите прашања на Моник штом ќе заврши со раскажувањето на нејзината приказна. Моник ја прифаќа понудата, а Евелин почнува да ги споделува настаните од нејзиниот живот.
Заднина Рејд ја објави корицата и извадок од книгата во Entertainment Weekly на 6 декември 2016 годинаBiedenharn, I., & Biedenharn, I. (n.d.). See the Cover for Taylor Jenkins Reid's 'The Seven Husbands of Evelyn Hugo'. Retrieved April 18, 2020, from https://ew.com/article/2016/12/06/taylor-jenkins-reid-seven-husbands-evelyn-hugo-cover/
Според Рејд, Евелин делумно се заснова на глумиците Елизабет Тејлор, која имала осум бракови со седум различни мажи и Ава Гарднер, која му ги открила тајните на нејзиниот живот на еден новинар, кој потоа ги објавил во книга Ава Гарднер: Тајните разговори. Рејд исто така рекла дека Рита Хејворт имала влијание врз Евелин. Хејворт, чиј татко бил Шпанец, имала многу сличен почеток на кариерата со Евелин како и повеќекратни врски. Други влијанија вклучуваат Tab Hunter Confidential: The Making of a Movie Star, автобиографија од Таб Хантер која опишува каков бил животот на ЛГБТ заедницата во Златната Ера на Холивуд како и Скандалите од Класичниот Холивуд од Ен Хелен Петерсен.
Изданија Седумте мажи на Евелин Хуго била издаден во тврд повез на 1 јуни 2017 година, од издавачката група Атриа . До 13 јуни, романот бил објавен во меко издание, како аудио книга и киндл (електронско) издание. Романот исто така бил преведени на шпански, португалски, полски, српски, грчки, турски, литвански, шведски, хрватски, чешки, француски, словачки, унгарски, германски, холандски, италијански, украински, исландски, хебрејски, виетнамски и кинески.Editions of The Seven Husbands of Evelyn Hugo by Taylor Jenkins Reid. (n.d.). Retrieved April 18, 2020, from https://www.goodreads.com/work/editions/46885151-the-seven-husbands-of-evelyn-hugo?page=1
На македонски јазик е издаден во 2021 година од издавачката куќа Арс Ламина.
Адаптации
Откажана телевизиска адаптација Во 2019 година, Фриформ и телевизиското студио Фокс 21 ги купиле правата за адаптирање на книгата. Џенифер Билс и Ајлин Чајкен, требало да го продуцираат шоуто. Рејд требало да работи на серијата како сценарист. Во јуни 2021 година, Рејд во интервју потврдила дека правата повеќе не се во сопственост на Фриформ и дека книгата ќе биде адаптирана на друга платформа.
Филмска адаптација На 24 март 2022 година, било објавено дека Нетфликс ќе го адаптира романот во игран филм со текст на Лиз Тигелар и Маргарет Чернин како извршен продуцент. Филмот ќе го режира Лесли Хедленд.
Прием Романот доби позитивни критики. The Globe and Mail го нарекоа „кинематографска приказна со тврдокорни корени, неверојатни издигнувања и болни падови. Романот беше номиниран за наградата Гудридс за најдобра историска фикција за 2017 година,> и финалист за наградата Книга на годината од интернет страницата Книга на месецот во 2017 година
Наводи
Категорија:Љубовни романи