Брјаза или Врјаза (, Врија; до 1926 г. Βρυάζα, Врјаза) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 319 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 4 км западно од градот Катерина и 3 км јужно од Ретина, во источните падини на планината Шапка, на надморска височина од 330 м.

Историја Неговото население уште од порано има грчко потекло.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 128 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 112 лица.

Во 1926 година, името на селото било променето во Врија (Βρία).

Стопанство Населението произведува пченица, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.

Население

Општествени установи

Основно училиште

Самоуправа и политика Во 1966 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 20 квадратни километри. Општината Брјаза била приклучена во општината Шапка во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.

Селото припаѓа на општинската единица Шапка со седиште во селото Ретина, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брјаза, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости мини|Поглед на црквата „Св. Никола“ Цркви

Црква „Св. Никола“

Наводи

Категорија:Катерина (општина)