Омур Беј (, Кастанохори; до 1922 г. Ομούρ Βέη, Омур Веј) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 88 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се ноаѓа во северните падини на Орсова Планина, во Серско Поле, околу 16 км југоисточно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 110 м.
Историја
Во Отоманското Царство Селото првично било сместено на неколку километри јужно од денешната местоположба, високо на Орсова Планина. Ова село се нарекува Стар Омур Беј (Παλαιό Καστανοχώρι) или Горен Омур Беј (Άνω Καστανοχώρι). Од селото денес се зачувани црквите „Рождество на Пресвета Богородица“ од XVIII век и „Св. Атанасиј“ од XIX век, како и остатоците на некогашната чешма од XVIII век.
Во XIX век Омур Беј било грчко село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Умур Беј (Oumour bey) имало 54 домаќинства и 170 жители Грци.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Омур Беј:Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал: Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Омир Беј имало 590 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Умурбег имало 685 Грци. Во селото работело грчко училиште со 1 учител и 32 ученици.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 507 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 417 лица. Во 1922 година, името на селото било променето во Кастанохори (Καστανοχώρι), во превод „костеново село“.
За време на Граѓанската војна (1947-1949) селото наполно настрадало и било напуштено од своите жители, поради што во пописот од 1951 г. е заведено како напуштена населба. По крајот на војната селото е подигнато на околу 5 км на север од поранешната местоположба, во близина на Ежово.
Стопанство Населението одгледува тутун, жито и други земјоделски производи, а посебно костени, со кои обилува ридско-планинскиот атар на селото. Внимание му се посветува и на сточарството.
Население
Самоуправа и политика Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 47,9 квадратни километри. Општината Омур Беј била приклучена во општината Черкезќој во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Черкезќој со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Омур Беј, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изграден во 1955 г. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — изградена во XIX век во старото село, обновена во 1987-1989 г. Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во XVIII век во старото село, обновена во 1987-1989 г.
Наводи
Категорија:Визалтија