Говедски јазик () како што кажува неговото име, на прв поглед наликува на свежо месо, односно има црвеникава боја. Кај нашиот народ е добро познат, па во зависност од делот на земјата се нарекува и џигер, воловски јазик или волчје месо. Живее на широк простор од Австралија, Азија, Европа до Северна Америка. Видот е паразит. Расте од лето до доцна есен или поретко рана зима, главно на живи дабови дрвја, но може да се најде и на други листопадни дрвја како што се костенот.
Опис на плодното тело Плодното тело е во облик на капа што е месеста и донекаде наликува на јазик. Гледано одозгора, е рамен, со лепезаст облик и често има повеќе арнжирани во „букет“, блиски или споени една со друга. Месото е шарено на пресек (црвено со бели дамки), влакнесто, со кисел вкус и умерен до силен, неодреден мирис. Ако се направи свеж рез, црвеникав сок наскоро ќе почне да истекува од оштетенато место. Расте 10–30 cm во дијаметар, а рабовите на „јазикот“ се тенки, сферични и правилни. На горната страна јазикот е груб и влажен, а црвената нијанса варира од светло портокалова до костенливо кафена. Со стареење, површината под јазикот станува лигава. Цевчињата се кратки и цилиндрични, првично бели, потоа жолтеникави и на крајот кафеави. Тие се со различни должини, па нивниот распоред донекаде наликува на музичкиот инструмент оргули. Дршката, ако воопшто и постои, е многу кратка, цилиндрична и грбава.
Микроскопија Спорите се црвени, тркалезни, мазни, хијалини, со големина од 4-6x5 µm. Базидиумите со четири спори, се полни со капки масло.
Отпечаток од спори Отпечатокот на спори на говедскиот јазик е розов.
Јадливост Може да се јаде, но само додека е млад и под услов да се отстранат кожичката и цевките. Остатокот потоа често се чува во солена вода или саламура за да се извлечат штетните танини. После тоа се исцедува и се зачинува по желба. При готвењето потребно е да се продолжи времето бидејќи месото е тврдо. Не постои опасност од замена со отровни печурки. Според некој нови извори габата е лековита. Најдено е дека содржи доста вит. Ц.
Слични видови Со оглед на неговиот карактеристичен изглед и микрохабитат, говедскиот јазик не може да се помеша со други видови печурки.
Галерија
Литература
Gljive Srbije i zapadnog Balkana. Uzelac B. BGV Logic Beogad, 2009. Mushrooms. Phillips R. Macmillan London, 2006 Koja je ovo gljiva? prepoznavanje, sakupljanje, upotreba.Flik M. Marso Beograd, 2010 Atlas gljiva. Giuseppe P. Prosvejta Zagreb, 1997
Наводи
Надворешни врски
http://bioras.petnica.rs/home.php http://www.indexfungorum.org/
Категорија:Габи