„Танц на ноќните пеперутки во 'Ориент Експресот'“ е драма напишана од Петре Бакевски по мотиви на својот расказ „И возовите стојат“ од книгата „Два гаврана“. Книгата е издадена во 2004 година во издание на Тера Магика, и претставува двојазично издание, на македонски и англиски јазик. Преводот од македонски на англиски е направен од Пол Адамс.„Танц на ноќните пеперутки во 'Ориент Експресот'“, Петре Бакевски, Скопје: Тера Магика 2004 Во истото издание е сместен и расказот „И возовите стојат“, како и дел насловен како „Делнични записи врз крилцата на пеперутките“ што претставува белешки на авторот поврзани со поставувањето на драмата на сцена. Содржина „Танц на ноќните пеперутки во 'Ориент Експресот'“ е симболичка драма за осмениот вагон на старата железничка станица од која никој никаде не оди, и прикажува симболични премрежија низ кои поминува татковината, зачмаеноста и застојаноста. Темата која како примарна се појавува во делата на Бакевски е секогаш Македонија. Симболично, преку осамениот вагон се претставува Македонија во минатото, сегашноста но и иднината, која сè уште е неизвесна во времето кога е пишувана драмата, затоа што тогаш земјата поминува низ закана за нејзиниот мир, идентитет и интегритет. Основната нишка која до крај се провлекува е дека треба да ја придвижиме локомотивата кон светлината.Ранко Младеноски, „Драми за македонската драма“ Современост бр.4 2008
Драмата како што се гледа од „Делнични записи на крилцата на пеперутките“ е подготвувана и изведена на сцена со Дејан Лилиќ како главниот лик, Никола и Васил Зафирчев како Човекот со цилиндар.
Наводи