Естреја Јаков Израел ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите на Холокаустот.

Животопис Таа била шивачка. Уште во текот на 1941 година во нејзиниот дом се шиела облека за борците во НОВ и ПОМ и се одржувале илегални состаноци. Во 1942 година била организирана во воспитна група. Во дуќанот на нејзиниот брат Исак престојувале илегалци и се чувал илегален материјал. На 11 март 1943 година од страна на бугарскиот окупатор била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска, каде била задушена во гасна комора.

Поврзано

Депортација на Евреите од Македонија Матилда Израел Исак Израел

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна