Меморијален музеј на Президиумот на АСНОМ или Спомен-куќа на Президиумот на АСНОМ — музеј и спомен-куќа во селото Горно Врановци, Македонија.
Во оваа куќа престојувале највисоките извршно-политички и воени тела на Македонија од почетокот на септември до почетокот на ноември 1944 година.
Историја
Куќата заедно со останатите спомен-куќи во Горно Врановци била реновирана и на 11 октомври 1984 година биле отворени како музеи од страна на тогашниот член на претседателството на СФРЈ, Лазар Мојсов.
Куќата е во сопственост на народниот музеј од Велес и за нејзе се грижи вработено лице од музејот.
Архитектура
Спомен-куќата има еден кат, оградена е со висок ѕид.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Горно Врановци АСНОМ