Христо Цветков Поповски (Кономлади, – Ени Чифлик, ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на ВМРО (обединета) и Македонската федеративна организација, член и војвода на Македонската револуционерна организација и офицер во Првата светска војна.
Животопис лево|мини|Христо Цветков, Андон Јуруков, Пандо Сидов и Васил Иванов|300x300пкс мини|Костурската чета на Христо Цветков, 1907 г.|300x300пкс Цветков е роден во 1877 г. во селото Кономлади, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Стапил во ВМОРО и во 1900 г. станал четник на Коте Христов.
Учествувал во Илинденското востание во летото 1903 г. По востанието останал во Македонија и заедно со Митре Влаот се бореле и на новиот фронт против андартите на грчката пропаганда. По смртта на Митре Влаот, Цветков е назначен за реонски војвода на Костурскиот револуционерен реон, а за негови помошници Кузо Поп Динов, Трајко Желевски и Пандо Чулков, а Тодор Дочев и Трпо Георгиев дејствувале одделно.
Во 1907 г. Цветков бил на чело на костурска чета од 30 четници на пат од Бугарија за Костурско, која учествувала во епската Битка на Ножот и речиси целата чета била уништена. Чета на Христо Цветков, јуни 1907 г.БројИмеСелоОколијаЗабелешка1.Христо ЦветковКономладиКостурска2.Стојан ЧакаларовСмрдешКостурска3.Кузма БакрачевВишениКостурска4.Атанас ПетровБуфЛеринска5.Христо ПоповШестевоКостурска6.Георги П. АнгеловСилистренска7.Иван ПетковВарна8.Георги ЈанакиевКономладиКостурска9.Атанас ШтерјовОловрадеКостурска10.Атанас ТрпеновД’мбениКостурска11.Атанас ТрајковПоздивиштаКостурска12.Анастас ИвановКономладиКостурска13.Атанас СотировКолибитеЛозенградска14.Кузма НиколовНестрамКостурска15.Миле ПетковЧеглаикЛозенградска16.Стамо НедевМало ТрновоОдринска17.Стојан ТодоровСатќојЛулебургаска18.Неделчо МоневСвободаЧирпанска19.Пешко Д. БојчевСвободаЧирпанска20.Тошо ЖелевСвободаЧирпанска21.Димитар НачевКрџалевоБорисовградска22.Иван ПетковТрновоУзунќопрулска23.Алекси ДиковГраматиковоМалотрновска24.Григор СимеоновПрострањеБитолска25.Петар ХристовКарнобат26.Ламбри ИвановКосинецКостурска27.Георги ВасилевВиделоКостурска28.Атанас ЈаневТрсјеЛеринска29.Анастас Х. СимиџиевБапчорКостурска30.Петар ЕфтимовЌустендил31.Тењо ДелчевХасково32.Христо Ижопов ?ЖупаништаКостурска33.Димитър МурджевТиолиштаКостурска34.Иван ВалевИчераКотленска35.Анастас АнгеловКономладиКостурска36.Трендафил ДумбалаковСухоСолунска37.Наум ИлиевБитола38.Драго БојаджиевСофија39.Иван НиколаевПловдив40.Димитар П. АндоновТаваличевоЌустендилска„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.52 Учествувал во Битката кај Дреновени на 31 јули 1907 година, во која бил убиен Пандо Кљашев.
По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, тој станал доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и бил војвода на четата бр. 25 од 14 лица, која дејствувала во Валовишко.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 – 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21. Подоцна бил во Костурската чета и служел во Нестроевата чета на XIII кукушка дружина, а во Втората балканска војна бил префрлен во Зброната партизанска чета на МОО. Христо бил фатен и заробен од Грците, но подоцна е ослободен на 4 март 1914 г.
За време на Првата светска војна, Цветков се борел против српските чети во Македонија.
Георги Константинов Бистрицки напишал за него:Во 1921 г. се приклучил во дејноста на МФО. Заедно со Филип Атанасов, Павел Христов, Ангел Поп Василев и Крум Зографов се сретнал во Тирана со членот на ЦК на ВМРО, Александар Протогеров, каде договориле општи дејствија. На 15 март 1923 г. четите на Ив. Филев и Христо Цветков водат битка со грчка војска во Корештата, по што избегале во Албанија.Колектив. Македония история и политическа съдба, Том II, ИК „Знание“, София, 1998, стр.59, 107, 115.
Живеел во Виена, каде контактирал со Георги Занков, Филип Атанасов и Славе Иванов. Станал член на ВМРО (обединета) и, заедно со Лазар Поповски, го привлекол Крсто Љондев во организацијата. Во почетокот на 1926 г. ЦК на ВМРО дала средства на Поповски и Цветков за да организираат база во Албанија. Христо заминува за Албанија заедно со Георги Занков во есента 1926 г. Неуспешно се обидел да регрутира за ВМРО и автономистички четници затворени во Тирана.
Починал во селото Ени Чифлик (Ново Кономлади), Петричко во септември 1934 г. Денес, во сретселото има споменик на војводата.
Галерија
Наводи
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на МОО Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета) Категорија:Дејци на Македонската федеративна организација Категорија:Дејци на Илинденската организација Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Борци против српската вооружена пропаганда во Македонија