Павурџиски занает (паурџиски, пагурџиски занает) — традиционален леарски занает кој се занимава со изработка на „павури“ – метални шишиња од калај или олово, наменети за чување и пиење ракија.
Историјат на занаетот на Балканот Во Албанија овој занает бил најразвиен во Корча, кадешто се формирала поголема група од овие мајстори. Исто така, еден дел од нив се задржале и во градовите Ѓирокастро, Дервен и во Лесковик – Епир. Во Косово овој занает бил најразвиен во градот Гнилане – познат кувенџиски и златарски центар. Се претпоставувало дека изработувањето на павури во Србија го пренеле и практикувале доселени мајстори од соседните земји кои таму се населувале како занаетчии – печалбари. Оваа појава особено била зачестена во последните години од турското владеење, кога на Балканот сè уште не постоеле државни граници меѓу соседните народи. Овие години се совпаднале со времето кога производите на павурџискиот занает на пазарот се појавувале во поголем број, а нивната побарувачка се зголемувала.Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр. 26
Историјат на занаетот во Македонија Врз основа на малкуте запишани податоци и усните раскажувања на последните мајстори на овој занает, се знаело дека во минатото тој бил застапен и во соседните балкански земји: Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Овој занает во Битола бил познат како паурџиски, а во Прилеп како пагурџиски.Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр. 25-37
Павурџискиот занает во Битола Првите мајстори на павурџискиот занает во Битола биле од Јанина. Таков бил случајот и со последниот битолски павурџија, Димитрија Шехи, по народност Грк, од село Цараплана (Василику), кај Јанина, кој бил дојден во Битола во 1893 година како осумгодишно дете, заедно со својот татко, Георги Шехи. Тој, како осумдесетгодишник, раскажувал дека на својот занает работел повеќе од 65 години.Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр. 26
Други имиња на битолски павурџии биле и Панајоти Ексарху, Андони Зудурлу, Христо Шехи. Браќата Атанас и Тојко, Македонци, кои го наследиле занаетот и Никола Трајков од Битола, кој понатака се преориентирал на друг леарски занает – ѕвончарски. Сите овие павурџии тогаш работеле во пет дуќани. За нивното работење најмногу сведочеле нивните производи од крајот на XIX век на кои биле излеани имињата на мајсторите.
Битолските павурџии имале и сопствен дел во чаршијата што се викал „Кај паурџиите“, кој се наоѓал на левиот брег на реката Драгор.Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр. 28 Павурџискиот занает во Прилеп Во минатото во Прилеп постоеле три дуќани на овој занает. Последен член на павурџиската фамилија Пагурџиови бил Иљо Пагурџиов – Увце. Неговата фамилија го негувала овој занает повеќе од 80 години. Најстариот член на оваа фамилија, Никола Пагурџиов, по потекло бил од село Дреновци. Во оваа фамилија павури се лееле сè до 1910 година.
Други павурџии од Прилеп биле и Тоде Салакадлија, Ѓоре Лајчар и Лазо Марковски.
Павурџиските дуќани во Прилеп не биле во чаршијата кај казанџиите, туку кај бавчанџиите.
Последен павурџија во Прилеп бил Атанас Николовски Увце.Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр. 28-29
Материјал за правење павури Материјалот од кој се правеле павурите бил калај и олово. Најчесто се користел чист калај или смеса од олово и калај. Павури од чист калај се лееле до 1930 година, а потоа почнале да се прават „мешани“ павури од 80% калај и 20% олово. Карактеристично за павурите излеани само од калај е тоа што само на нив се потпишувале мајсторите. Тоа претставувало еден вид на гаранција за чистотата на производот.
Павурџиите калајот и оловото ги набавувале од месните трговци, а по Втората светска војна ги купувале од државните претпријатија.Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр.30
Работилници и алат за изработување павури Павурџиските работилници биле не толку угледни простории, градени од слаб материјал, без тавани и душеме. На средината од работилницата имало огниште со мев, а покрај еден од ѕидовите, торно на кое се дообработувале павурите.
Алатите коишто заземале помал простор биле наредени покрај ѕидовите. Готовите производи ги ределе на предната страна од дуќанот. Местото на мајсторот му било на земја, кој работел седејќи. Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр.30- 31
За изработка на павури се употребувале алати кои најчесто имале грчки називи. Во секоја фаза од изработката се употребувале различни алати. Калапи од месинг (туч) – по форма биле округли, четвртасти, правоаголни, елипсовидни, издолжени правоаголници. По големина можеле да бидат различни, мали и големи. На нив се излевала само формата од страните, а украсувањето се вршело отпосле. Торно (ножно) – неопходен алат за дообработување на павурите. Се состоело од едно големо метално тркало со широк каиш што го движело торното. Неговата главно железна конструкција била зајакната со штици и гредички. Дурпии – железен назабен дел со дрвена дршка. Служеле за мазнење на павурите по лепењето на калајот. Ножеви (ксистир) – тоа биле десет видови ножеви од кои најважен и најупотреблив бил ножот маскала, кој му давал лице на павурот. Менгеме – фабричен железен алат кој служел за „врзување“ на павурите. Мев (дуало) со огниште – направен од кожа и две штици. Тој исфрлал воздух и го распалувал огништето. Клешти – железен алат кој служел за држење на жешките калапи. Ајва – чекан со дрвена дршка кој служел за лепење на павурите со калај. Лажици – во кои се растопувал калајот над огништето, направени од железо со дрвени дршки. Ножици – од железо, кои служеле за сечење и подрамнување на павурот. Шаралки – кои служеле за украсување на лицето на павурот. Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр.32- 34
Изработување на павурите При изработката на павурите се применувала техниката за леење во калапи кои биле направени од месинг (туч). Сите делови на павурот се излевале во одредени калапи, а потоа се составувале. Процесот за добивање на еден павур не бил воопшто лесен и едноставен. Потребна била стрпливост на мајсторот и прецизност при составувањето. Најнапред се растопувал калајот во железна лажица, сè додека не се претвори во течна маса, а потоа оваа маса се истурала со друга лажица на загреаните калапи. Потоа загреаните калапи се стегале со дрвена клапа, а рабовите им се премачкувале со „водена земја“ – најчесто глина, за да се спречи истекувањето на растопениот калај. Калајот на калапот се оставал околу 5 минути, да се олади, па оладената половина се вадела од калапот. Со тоа едната страна на павурот била готова. Штом се подготвела и другата половина, деловите се „лепеле“ повторно со растопен калај. Пред соединување на двете половини, внатрешниот дел на павурот се „воскосувал“, т.е. се премачкувал со чист пчелин восок. Според павурџиите, ракијата во ваквиот павур била послатка и подобра. Понатаму трупот на павурот се обликувал, ја добивал својата убава округла форма. Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр.36- 39
Форма и големина на павурите Поголемиот дел од павурите коишто се изработувале во Македонија имале округла форма, но имало и во форма на плоснато правоаголно шише и во форма на полукруг. До 1912 година се изработувале и други видови павури, како на пример, во вид на женска глава, многустрани павури и други форми за што сведочат калапите коишто се чувале во работилниците на павурџиите.
Според големината исто така имало најразлични, од мали џебни коишто се носеле и во појас, до поголеми, трпезни, за носење во торба или за на трпеза. Поголемиот дел биле со округла форма и ишарани со натпис на годината на производство. Најмалиот павур бил со висина 9 см и пречник од 8 см. Најголемиот павур бил висок 19 см со пречник од 16 см. Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр.40
Орнаментика – шарање на павурите
Украсувањето („шарањето“) на павурите се вршело отпосле, кога процесот на изработка бил целосно завршен. Павурите биле украсувани со едноставни гравирани шари и концентрични кругови, а кај некои орнаментиката се разликувала, со стилизација на растенија и животни. Шарите биле изведувани со слободна рака и најчесто на „лицето“ на павурот.
Орнаментиката на правоаголните павури била различна, т.е. уште самиот калап бил со одредена орнаментика. Најчести теми на шарите на правоаголните павури биле земени од религијата и од црковната иконографија. Зорка Делиниколова, ГЛАСНИК на Етнолошкиот музеј, Скопје, 1965, стр.42-43 Наводи
Категорија:Занаети