Антарктичките риби претставуваат релативно ограничен вид, кој е приспособен на екстремните студови од Јужниот Океан. Многумина од овој вид, припаѓаат на групата „белокрвни“ ледени риби, како што е Champsocephalus gunnari. Главната причина која оваа риба ја прави припадник на оваа група е недостатокот на хемоглобин поради кој таа има безбојна крв. Други видови на арктички риби кои ги има во изобилство се „антарктички бакалар“. Иако тие не се вистински бакалари кои поседуваат антисмрзнуачки гликопротеини во крвта, сепак се способни да преживеат во води под нормалната точка на замрзнување. Видовите како антарктичката забна риба растат и до два метра и се карактеристични по деценискиот живот. Живеат на длабочини од 100 метри до 3.000 метри, хранејќи се со риби, лигњи и бентосни ракови.
Адаптивната радијација и еколошкиот процес се карактеристиките по кои овие риби се најмногу препознатливи. Студиите кои се поврзани со овие риби, спроведени со користење на генетика, филогенија, проучување на палеонтологијата и комбинации од овие области, со цел да се утврди сестринската лоза на антарктичките риби.
Опис
Општо Антарктички ледени рипки се целина од повеќе различни видови, помеѓу кои постојат некои заеднички карактеристики помеѓу рибите. Тие генерално имаат збир од заоблени пекторални перки и заоблени карлични перки кои ја максимизираат мобилноста и во водниот столб и на морското дно.
Нивните очи, со средна големина поставени кон врвот на главата, укажува дека овие риби ловат плен со движење во водниот столб од морското дно. Во споредба со големината на нивното тело, тие имаат навистина голема уста.
Една половина од телото им е покриено со боцкава грбна перка која е одвоена од меката грбна перка.
Меката грбна перка пак се протега по телото и завршува близу до каудалната перка.
Преку аналната перка, по долната страна на телото близу каудалната перка, се отсликува меката грбна перка.
Обликот на опашната перка зависи од семејството, но генерално обликот на опашната перка е заоблен, разгранет или скратен. Само Artedidraconinae имаат стапчиња што висат од долната вилица и се влечат низ песокот и оперкулум во облик на кука.
Овие риби можат да имаат боја која се движи од светлосива до темносива со големи дамки. Постојат и видови кои се со кафеава или зелена, па дури и со црвена боја.
Channichthyidae се најголемите од овие риби, чија најмала должина изнесува 75 цм.
Пловност Нототениоидните риби доминираат во разновидноста и биомасата на Јужниот Океан, главно поради пелагизацијата кај некои видови. Повеќето риби се бентосни и следствено на тоа, својот живот го минуваат на морските дна. Нототениоидите ги има во различни ниши како полупелагични, криопелагични, пелагични и бентални зони. Колонизирањето на водниот столб било овозможено од еволуцијата што ја намалила количината на минерали присутни во скелетот и го зголемила бројот на липиди во телото го овозможила ова. Како резултат на тоа, рибите имаат способност да останат неутрално пловни и да ја намалат потребата од енергија за да останат пелагични. Овие адаптации се карактеристични за Нототенидите. Може да се забележи дека рибите се хранат и на морското дно и во водниот столб.
Антисмрзнувачки гликопротеини Антарктичките ноотеноиди се способни да преживеат температури во изност од -1.86 степени Целзиусови, притоа со употреба на антисмрзнувачки гликопротеини. За да се спречи замрзнување на организмот внатрешно, антисмрзнувачките гликопротеини се сврзуваат со мразот кој навлегува во телото преку внесување на храна и вода.
Антисмрзнувачките гликопротеини наместо да ги елиминираат сите внатрешни кристали од мраз, тие можат да ги наполнат рибите со инактивирани кристали од мраз. Ова претставува опасност и за самиот организм. Со помош на истражувањата е докажано дека летното затоплување на водите делумно може да го елиминира внатрешниот мраз (мразот кој се наоѓа во организамот на рибата).
Протеини на топлотен шок Протеините на топлотен шок е карактеристика која ја поседуваат повеќе организми и се појавува кога организамот (рибата) ќе биде изложена на високи температури. Кај некои видови ноотениди, оваа особина не е изразена. Главната причина поради отсуството на оваа особина е екстремниот студ во пределите на Јужниот Океан.
Дел од антарктички риби се способни да се спротивстават на умирањето кога се изложени на температури кои се повисоки за 13-18 степени Целзиусови од нивната околина, но има малку истражувања со кои е објаснето како тие преживуваат при вакви услови.
Губење на хемоглобин Недостатокот на еритроцити е најпознатата карактеристика на ледените риби. Генетските докази покажуваат дека крокодилските ледени риби имале еритроцити, но еволуирале со цел да не користат хемоглобин или врзување на протеини за транспорт на кислород. Наместо тоа, белокрвните риби имаат подобрен срцев излез, поголем волумен на крв, поголемо внесување кислород и пониски метаболички стапки.
Едно од можните објаснувања за тоа зошто ледените риби ги преживеале мутационите настани што ги отстраниле нивните еритроцити е тоа што: железото е ограничувачки елемент во океаните, ледените риби пронашле начин да напредуваат со тоа што не им е потребно за транспорт на кислород. Друго можно објаснување е дека постудените води го зголемуваат вискозитетот на телесните течности до тој степен што е корисно целосно да се елиминираат еритроцитите, а наместо тоа се потпираат на адаптации. Ниту една од теориите нема многу понатамошни истражувања за да ги поткрепи своите тези.
Дистрибуција Артедидраконидите живеат во длабочини на Јужниот Океан. Батидраконидите ги има и во длабокото море на Антарктикот. Додека пак, Канихтидите се застапени и на двете територии. Харпагиферидите се карактеристични за пределите како Јужниот Океан, Југозападен Пацифик, Југозападен Атлантик и Индискиот Океан. Нототенидите се распространети низ бреговите на Антарктикот.
Животен циклус Животниот век на Ноотеноидите е околу десет години и се прифаќа фактот дека тие се мрестат годишно. Мрестењето е карактеристичо во периодите како есен и зима (доколку се одвива во сезонски ледени живеалишта), а пак мрестењето во антарктички зони е карактеристично во лето и есен. Кај дел од видовите кои се припадници на сезонските ледени живеалишта, се забележани миграциски модели. Миграцијата на повеќето риби се одвива во поплитки води или области со наклонети континентални гребени за мрестење.
Главната карактеристика по која се Нототениоидите се познати е гнездењето и чувањето на своите јајца, со цел да обезбедат заштита од предатори, да ја подобрат содржината на кислород во водата околу јајцата и да се ослободат од мртвите или оштетените јајца. Самиот вид на јајцата какви ќе бидат, зависи и од видот на рибата. Своите јајца, Батидраконидите ги чуваат на морското дно во плитките води. На ваков начин и Харпагиферидите и Артедидраконидите ги чуваат своите јајца.
Инкубацијата на јајцата трае околу 5 месеци. Студените води се главниот причинител за долгото време на инкубација. Ларвите се изведуваат кога ќе бидат во напредна фаза и развој. Добро развиените ларви имаат поголеми шанси да преживеат во екстремни климатски услови. По изведувањето, ларвите имаат доволно средства да пливаат и да ги избегнуваат предаторите со долги, тенки тела и ларвални перки. Бентосни риби се главни предатори на овој вид риби - ЛАРВИ.
Екологија Адаптивната радијација е брзата видообразба на повеќе видови од заеднички предок за пополнување на празни ниши. Доказ за адаптивна радијација е заедничкото потекло, раните налети на специјација кои се намалуваат со текот на времето и корелацијата помеѓу фенотипот и околината. Концептот на јато од видови е феноменот на сродни видови кои го делат истото живеалиште. Група видови се вклопуваат во концептот на јато од видови ако покажуваат богатство на видови, заеднички предок и ја делат истата област. Јатата од видови се индикативни за адаптивна радијација. Антарктичките риби ги исполнуваат овие критериуми со модификации во пливачките меури, губење на и модификации во транспортот на кислород додека живеат во истата географска област.
Антарктичката видообразба на риби се совпаѓа со одвојувањето на Антарктикот од Гондвана (континент составен од Антарктик, Австралија, Јужна Америка и Африка). Со одвојувањето на Австралија, Јужна Америка и Африка едни од други, видовите на морски свет се одвоиле.
Ладењето на морињата на Антарктикот предизвикало масовно истребување на повеќето организми покрај бреговите на Антарктикот и во Јужниот океан. Масовното истребување создало многу отворени ниши за колонизација на антарктичките ноотеноиди, предизвикувајќи адаптивна радијација. Првично се сметало дека предизвикуваат зрачење, но понатамошните истражувања за времето на појава на и видообразувањето не ја поддржало теоријата. Категорија:Антарктички риби Категорија:Риби