Струмичка вретенушка (Oxynoemacheilus bureschi) — вид зракоперкаста риба од семејството Nemacheilidae. Се среќава во сливовите на реките Струма, Вардар и Нестос во Бугарија, Грција, Македонија и Србија. Неговото природно живеалиште се реките, претпочитајќи поголеми потоци со брзи струи, особено во средината. Не може да преживее таму каде што реките се канализирани и е загрозена од губење на живеалиштата. Специфичното име го оддава почит на бугарскиот ихтиолог Иван Буреш, кој успеал да влијае врз бугарскиот монарх Борис III да му дозволи на Дренски да собира примероци во Бугарија.
Oxynoemacheilus bureschi е ноќен риболовец и се храни со бентосни безрбетници, особено црви и ларви од инсекти. Сезоната на парење трае од мај до јули, а мрестењето се одвива меѓу камења, чакал и растенија во плитка проточна вода. Рибите се полово зрели откако ќе достигнат должина од 5 см.
Опис и распространетост Вретенушката има долго и вретенесто тело. Телото до грбната перка е валчесто, а кон опашката благо странично сплескано. Лушпите се многу ситни и длабоко всадени во кожата. Бојата на телото зависи од местото на живеење и варира од жолта до белузлаво кремова. По целото тело се сместени мраморести шари во вид на темнокафени петни. Стомакот е светложолтеникав до бел. Главата е голема, широка и сплескана. Устата е долна и на горната усна има шест мустаќи, четири на рилото и два во аглите на устата. Очите се големи. Задната ивица на опашната перка е длабоко засечена. Ова е одлика по која лесно се распознава од нејзиниот сродник Barbatula barbatula (вардарската вретенушка). По грбната, опашната и градните перки има еден до два реда темни пеги, некогаш посилно, а некогаш послабо изразени. Пегите отсуствуваат на стомачните и аналната перка. Ендемски вид е за реките во Југозападна Бугарија. Во Република Македонија природно се среќава во река Струмица, и е интродуцирана и во Вардарскиот Слив.
Основни биолошки одлики Вретенушката претставува стационарна риба од дното на чистите и бистри води, иако поднесува и средно органски оптоварени води. Исклучително е осетлива на загадувања со тешки метали и во такви води не се сретнува. Живее во проточни води, во мали потоци или реки со средна големина, на каменито и чакалесто дно, каде се крие под камењата. Подмладокот се групира во јата, додека возрасните единки живеат единечно. Полово созрева во втората до третата година од животот. Во раздобјето на мрестењето, кај полово зрелите единки, по телото и внатрешната страна на стомачните перки се јавуваат епителијални брунки. Се мрести во раздобјето од април до јуни, обично рано наутро. Плодноста на женските единки изнесува до 6.000 зрна икра со пречник од 1 до 1,5 мм. Мрестењето е порционо. Женските единки може да се мрестат повеќе дена последователно секој ден по малку, во еден краток период. Ларвите се бентални. Вретенушката достигнива максимална дожина од 16 см, а просечната должина и изнесува околу 10 см. Животниот век и е до осум години. Се храни со ситни животинки од дното. Возрасните единки се хранат со гамаруси, хирономиди, ларви од инсекти и други безрбетници, како и икра од други видови риби.
Значење Нема никакво значење од аспект на рекреативен, спортски и стопански риболов.
Наводи
Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Риби опишани во 1928 година Категорија:Слатководни риби на Европа