Безбеден град (разговорно: Сејф сити од , буквален превод: „безбеден град“) — национален проект на Македонија за автоматизиран видеонадзор и контрола на сообраќајот. Целта на проектот е подобрување на безбедноста на патиштата преку употреба на вештачка интелигенција и камери за автоматско препознавање на регистарски таблички (АПРТ). Проектот го води Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со Министерството за правда, а неговата цел е со помош на мрежа од камери и сопствена ИТ-инфраструктура да се регистрираат и санкционираат сообраќајни прекршоци. Новата етапа на проектот започнала во октомври 2024 година.
Иако првично било планирано казнувањето да започне на почетокот на 2026 година, МВР официјално го пролонгирал почетокот на изрекување парични казни за 1 февруари 2026 година. Во декември 2025 и јануари 2026 година, системот работел во проширена пробна фаза во која граѓаните добивале само предупредувања со цел учење и прилагодување на новите правила. Системот е активен во градовите Скопје, Тетово, Куманово, Охрид, Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија, коридорите 8 (автопатска делница А2) и 10 (автопатска делница А1), како и автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во Општина Дебрца.
Покрај домашните возачи, системот целосно ги опфаќа и возилата со странски регистарски таблички, при што странските возачи што транзитираат или сообраќаат низ земјава исто така подлежат на автоматско регистрирање и наплата на сообраќајните казни (вклучувајќи ги и проверките на граничните премини).
Опис и функција
Системот „Безбеден град“ се состои од стотици стационарни камери поставени на главните сообраќајници и крстосници во градовите, како и патролни возила опремени со 360° камери и радар. Системот автоматски ги регистрира следниве прекршоци: Поминување на црвено светло; Пречекорување на дозволената брзина; Истечена важност на сообраќајна дозвола; Непрописно запирање и паркирање.
За да се избегнат несакани грешки и престрого казнување, МВР утврдил прагови на толеранција за брзината: до 100 км/ч толеранцијата е 6 км/ч, а над 100 км/ч е 8 км/ч.
Историја и воведување 270x270px|мини|Камери снимаат во Скопје|лево Идејата за проектот „Безбеден град“ се појавила уште во 2012 г. при тогашната власт, кога биле установени околу 600 камери во Скопје и во неколку други градови. Првично се тврдело дека тие треба да ги снимаат и сообраќајните прекршоци, но поради недостаток на програмска опрема за автоматско препознавање на прекршители, камерите долго време ги користеле само разузнавачките служби и правосудството. Дополнително, сојузот на јавниот обвинителски систем ја истражувал тајната набавка на опремата од странска фирма и големите трошоци за одржување (плаќани редовно од државниот буџет).
Подоцна, проектот бил обновен. Во 2023 г., МВР започнал надградба на „Безбеден град“, со планирање вградување на дополнителни камери — вклучувајќи и на автопатите на Коридорите 8 и 10 — и законски измени што овозможуваат негово работење. Пробниот период започнал на 1 декември 2025 г. во Скопје, Тетово и Куманово. Во првите 12 часа биле регистрирани рекордни 65.000 прекршоци, што довело до одлуката за одложување на казнувањето за 1 февруари 2026 г., со цел граѓаните да ја подигнат својата свест.
За функционалност на системот биле донесени измени во пет закони, вклучувајќи го Законот за безбедност во сообраќајот и Законот за прекршоци, со што се овозможило цифрениот запис од камерата да биде валиден доказ на суд.
Институционална рамка Проектот е под директна надлежност на МВР, во соработка со Министерството за правда. Министерот Панче Тошковски истакнал дека системот е целосно автоматизиран за да се исклучи можноста за човечка селективност при казнувањето („врски“ или пристрасност). Податоците се чуваат во централен опслужувач со високо ниво на кибербезбедност.
Технологија и опрема Основната компонента се фиксираните камери за видеонадзор поставени на столбови и рамки над крстосници, како и на страни по булеварите. Овие високорезолуциски камери се поврзани со главна единица за обработка, каде со помош на програма се обработуваат снимените слики во живо. На пример, МВР најавил дека се поставени камери во Скопје, Тетово и Куманово, како и на автопатите на Коридорите 8 и 10.
Во рамките на проектот се користат и специјализирани мобилни патролни возила. Тие се опремени со 360° видеокамера и радарни уреди за мерење брзина, со што можат да „ловат“ прекршоци по улиците (особено на места каде што нема фиксирани камери). На овој начин, системот сврзува статичко и динамично снимање: фиксираните камери го опфаќаат целото градско подрачје, а мобилните средства ги контролираат периферните и регионалните патишта.
Фиксираните камери со висока резолуција автоматски снимаат прекршоци како брзо возење, минување на црвено светло, и други сообраќајни прекршоци.
Јавни реакции Повеќето реакции во јавноста се однесувале на дебата за прагот на толеранција и очекуваниот ефект. Поддржувачите на проектот, вклучувајќи и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, ја поздравиле идејата како начин да се спаси животот на граѓаните и да се зголеми дисциплината во сообраќајот. Министерот Тошковски потенцирал дека секој прекршок ќе биде санкциониран без разлика дали се случува во градско или во селско подрачје. Од друга страна, дел од поранешните пратеници и сообраќајни стручњаци изразиле загриженост дека системот можел да „лови“ и небитни прекршоци (на пр. 51 км/ч во градско) и предлози за подобро уредување на семафорите (зелени бранови) наместо само казни. Меѓутоа, премиерот Христијан Мицкоски на 18 јануари 2026 г. изјавил дека дисциплината на возачите е веќе евидентно подобрена и дека бројот на сообраќајни прекршоци на дневно ниво е драстично намален во споредба со почетокот на декември.
Поврзано Министерство за внатрешни работи на Македонија Безбедност на патишта
Наводи
Надворешни врски Новости | МВР Апликација „Безбеден град“ — странските државјани можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.
Категорија:Патен сообраќај во Македонија Категорија:Министерство за внатрешни работи на Македонија Категорија:Сообраќајот во Македонија