Владимир Георгиев (); (, ) — бугарско-македонски шаховски велемајстор. Станал меѓународен мајстор во 1995 година и велемајстор во 2000 година.

Владимир Георгиев првпат го привлекол вниманието на шаховскиот свет во 1992 година, кога на Европското јуниорско првенство во шах го освоил второто место.

Тој станал бугарски национален шампион во 1995 година и првак на Македонија во 2007 година. Од 2002 година играл за Република Македонија. Во 2004 година завршил втор на турнирот за велемајстори во Киш. Во 2011 година го делел првото до третото место со Максим Туров и Јуриј Вовк на Отвореното првенство на Холандија во Дирен.

Тој е тренер на поранешната светска шампионка во шах во женска конкуренција, Антоанета Стефанова . Има ќерка и сопруга, живее во Чикаго и редовно ја посетува Флорида.

Георгиев се префрлил во Македонската шхаовска федерација од Бугарската во Македонската во 2002 година.Player transfers in 2002 . FIDE.

Поврзано Шаховско првенство на Македонија

Наводи

Надворешни врски

Chessdom – Interview with Vladimir Georgiev https://www.gmvladimir.com

Категорија:Бугарски шахисти Категорија:Македонски шахисти Категорија:Шаховски велемајстори Категорија:Родени во 1975 година Категорија:Шаховски прваци на Македонија