Грмот — археолошко наоѓалиште во прилепското село Пештани. Претставува населба и некропола од римското време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 1 километар јужно од селото, каде има природна височинка, што се спушта терасесто кон селото.
Опис
На наоѓалиштето има расфрлени камења, фрагменти од покривни ќерамиди и керамички садови. На пониската тераса се среќаваат поголеми покривни плочи од гробови. Во чешмата е вграден поголем мермерен блок, а во нејзината непосредна близина се наоѓа дел од мено.
Поврзано Валјето — осамен наод од римското време; Грамаѓе — населба од римското време; Пештера — населба од римското време; Припниш — осамен наод од римското време; Црква Св. Ѓорѓија — осамени наоди од римското време; Црквиште — светилиште од римското време; Буклото — населба од античкото време; Вршник — праисториска населба; Св. Илија — населба од раната антика и римското време (старомакедонскиот град Достонеи);Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19 Пештани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Пештани (Прилепско)