Св. Илија — археолошко наоѓалиште во прилепското село Пештани. Претставува населба од раната антика и римското време (старомакедонскиот град Достонеи).Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на левата страна на селото Пештани и е скриено во карпестиот рид околу кој сега постои манастирот „Св. Илија“.
Опис
мини|300п|лево|Плочата со грчки натпис вѕидана во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Пештани
Наоѓалиштето било пронајдено преку експедиција на Саша Лилчиќ и Блажо Филипов, откако со децении се знаело за постоењето на заедницата на Достонејците и нивниот град Достонеи според натписот на плочата вѕидана во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Пештани.
Во науката била изнесена хипотеза за убикација на ритчето над соседното село Кален, но со експедицијата се решил проблемот.
Градот Достонеи се наоѓал на просторот на манастирот „Св. Илија“, западно од селото Пештани. Животот егзистирал во раната антика и низ римско време. Покрај градот, односно низ просторот на село Пештани минувал значајниот пат од правецот на Беловодица преку преминот Лигураса се спуштал на реката Црна по Лисичка Река покрај Градот кај селото Манастир.
Поврзано Валјето — осамен наод од римското време; Грамаѓе — населба од римското време; Грмот — населба и некропола од римското време; Пештера — населба од римското време; Припниш — осамен наод од римското време; Црква Св. Ѓорѓија — осамени наоди од римското време; Црквиште — светилиште од римското време; Буклото — населба од античко време; Вршник — праисториска некропола; Пештани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Пештани (Прилепско)