Црква Св. Ѓорѓија — археолошко наоѓалиште во прилепското село Пештани. Претставува осамени наоди од римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во самата истоимена црква.

Опис

Во ѕидовите на црквата има вградени повеќе мермерни сполии, и тоа: во јужниот ѕид плоча со грчки натпис, плоча со профилирано поле и грчки натпис и ара со релјефна претстава на коњаник и жена; во југоисточниот и југозападниот агол има база за столб и профилиран блок со грчки натпис. Пред западниот влез стои мермерна база и на неа мала ара, а пред југозападното ќоше испраен столб. Во ѕитчето што се потпира на црквата има две фрагментирани мермерни стели кои се доста излижани. На едната се претставени маж и жена, а на другата двајца мажи.

Поврзано Валјето — осамен наод од римското време; Грамаѓе — населба од римското време; Грмот — населба и некропола од римското време; Пештера — населба од римското време; Припниш — осамен наод од римското време; Црквиште — светилиште од римското време; Буклото — населба од античкото време; Вршник — праисториска населба; Св. Илија — населба од раната антика и римското време (старомакедонскиот град Достонеи);Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19 Пештани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Пештани (Прилепско)