Црквиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Пештани. Претставува светилиште од римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 500 метри северозападно од селото, каде има блага природна височинка.

Опис

На наоѓалиштето се наоѓаат повеќе камења од градби, како и елементи од архитектонска пластика, и тоа профилирана мермерна база поставена на четвртест мермерен блок на кој има грчки натпис, фрагмент од мермерен столб и мермерна база делумно оштетена.

Поврзано Валјето — осамен наод од римското време; Грамаѓе — населба од римското време; Грмот — населба и некропола од римското време; Пештера — населба од римското време; Припниш — осамен наод од римското време; Црква Св. Ѓорѓија — осамени наоди од римското време; Буклото — населба од античкото време; Вршник — праисториска населба; Св. Илија — населба од раната антика и римското време (старомакедонскиот град Достонеи);Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19 Пештани; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Пештани (Прилепско)