Опасен лет () — американски акционен трилер што излегол на екраните во 1997 г. Филмот бил номиниран за две награди „Оскар“: за најдобар звук и за најдобра оригинална песна („How Do I Live“), но изгубил во двете номинации од „Титаник“ на Џејмс Камерон.
Во Северна Америка филмот заработил 101.117.573 долари, а во другите земји 122.894.661 долари (вкупната заработка во светот изнесувала 224.012.234 долари).
Con Air е прекарот на службата на Федералната влада на САД (официјално позната како JPATS), која се занимава со превоз на лица што се наоѓаат во притвор или на издржување затворска казна помеѓу затворите, центрите за притвор, судовите и другите институции.
Содржина Камерон По, високо одликуван припадник на армиските ренџери, се враќа дома во Алабама кај својата сопруга Триша. Набргу по враќањето, тој влегува во судир со неколку пијани месни насилници во барот каде што работи таа. За време на тепачката, Камерон ненамерно убива еден од напаѓачите, по што е осуден на седум години во федерален затвор за убиство од небрежност. По издржувањето на казната, добива условно ослободување и конечно може да се врати дома кај својата сопруга и ќерката што никогаш не ја запознал.
За жал, Камерон мора да го дели затворскиот авион со некои од најопасните злосторници во земјата, кои успеваат да преземат контрола врз леталото со план да побегнат од државата. Камерон мора да најде начин да ги запре, додека истовремено се преправа дека соработува со нив. Во меѓувреме, сојузниот шериф Винс Ларкин се обидува да му помогне на Камерон да се ослободи и да ги совлада злосторниците предводени од озлогласениот Сајрус „Вирусот“ Грисом.
Улоги
| Николас Кејџ | Камерон По |- | Џон Кјузак | Винсент (Винс) Ларкин |- | Џон Малкович | Сајрус „Вирусот“ Грисом |- | Винг Рејмс | Натаниел „Дијамантското Куче“ Џонс |- | Мајкелти Вилијамсон | Мајкл „Бејби-О“ О’Дел |- | Рејчел Тикотин | Сали Бишоп |- | Ник Чинлунд | Вилијам „Били Бедлам“ Бедфорд |- | Стив Бушеми | Гарланд Грин |- | Колм Мини | Данкан Малој |- | Дани Трехо | Џони „Џони-23“ Бака |- | Дејв Шапел | Џо „Билјард“ Паркер |- | Моника Потер | Триша По |- | Реноли Сантијаго | Рамон Мартинес |- | Стив Истин | Фалзон |- | М. К. Гејни | Ерл Вилијамс |- | Ландри Олбрајт | Кејси По |- | Џеси Борего | Франсиско Синдино |- | Хосе Зунига | Вилијам Симс |- | Фредрик Лене | капетанот на авионот |- | Марти Максорли | вториот пилот на авионот |- | Анџела Федерстон | Џини |- | Кевин Гејџ | Били Џо |- | Џон Дил | адвокатот на Камерон
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1997 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Филмови со Николас Кејџ Категорија:Филмови со Џон Малкович __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__