Градски статус или статус на град ― симболична и правна ознака дадена од монарх, национална или поднационална влада. Една општина може да добие градски статус затоа што веќе ги има квалитетите на еден град или затоа што има некоја посебна намена. Ваков пример е административната единица Град Скопје.
Историски гледано, градскиот статус бил привилегија доделена со кралски писма за патент. Суверените можеле да основаат градови со декрет, на пр. Хелсинки, без оглед на тоа што претходно имало на местоположбата. Исто така, со воспоставувањето на сојузните влади, новиот главен град можел да биде основа од нула, на пр. Бразилија, без да премине преку органски раст од село во гратче/град. мини|Грб на Град Вестминстер, дел од Лондон кој има свој градски статус. Историски гледано, британскиот градски статус често им бил доделуван на населби со епархиска соборна црква; во поново време, градовите побсаруваат за добивање градски статус со одобрение за време на национални прослави. Слично на тоа, градскиот стату во Италија е доделуван со декрет на претседателот (а пред 1946 година од страна на кралот на Италија) како признание за историски, културни или демографски вредности. Во Соединетите Држави, поимот град може да биде користен за многу помали населби.
Властите на Кина во периодот 1982–1997 година ги надградиле многу окрузи во градови со декрет, со што го зголемиле бројот на нивните градови од 250 на повеќе од 650 во овој период. Речиси 15% од окрузите во Кина станале градови. Новите „градови“ може да вклучуваат големи рурални области, како и урбани области. Надградбата била сметана за пожелна од страна на локалните самоуправи бидејќи новиот статус обезбедувал дополнителни овластувања за оданочување и администрација, право на проширување на големината на владата и зголемување на процентот на земјиште кое може да биде претворен од земјоделство во згради.Shenggen Fan, Lixing Li, Xiaobo Zhang, "Challenges of creating cities in China: Lessons from a short-lived country-to-city upgrading policy"; Journal of Comparative Economics 40, 2012.Shenggen Fan, Lixing Li, Xiaobo Zhang, "Challenges of creating cities in China: Lessons from a short-lived country-to-city upgrading policy"; Journal of Comparative Economics 40, 2012.
Поврзано
Градски статус во Белгија Градски статус во Индонезија Градски статус во Ирска Градски статус во Италија Градски статус во Шведска Градски статус во Украина Градски статус во Обединетото Кралство Градски права во Ниските Земји Град пропишан со закон (Чешка Република) Градски статус (Словачка) Град со посебен статус (Украина) Сојузни градови во Русија; Град од сојузно значење Класификација на индиските градови Градови и нови паланки во Хонгконг Градови во Јапонија Градови во Филипини Список на градови во Алберта Список на градови во Австралија Список на израелски населби со градски статус на Западниот Брег Список на градови во Малта Список на градови во Хрватска Список на градови во Малезија Список на градови во Виетнам Список на градови во НР Кина Список на градови во Република Кина Список на градови во Романија Список на градови во Молдавија Список на градови во Јужна Кореја Список на градови во Норвешка Список на градови во Киргистан
Наводи
Категорија:Населени места по тип Категорија:Градови