Џоана Хермајони Сигер Бејкон е британска архитектка, која била номинирана за наградата „Жена архитект на годината' во 2015 година. Таа работела во „Алис енд Морисон“ од 1987 година и е управувачки партнер. лево|мини|356x356пкс|100 Бишопсгејт Џоана Бејкон студирала на колеџот Робинсон во Кембриџ под професорот Боб Алис од „Алис и Морисон“. Ги завршила нејзините студии во 1980 година.
Бејкон се приклучила на „Алис и Морисон“ во 1987 година и станала управувачки партнер во 2012 година. Таа била партнер која била задолжена за работата на „Медиумското село на Би-Би-Си“ реновирањето на Кралската фестивалска сала и проектот „100 Бишопсгејт“ (бил завршен во 2011 година).
Бејкон работела на нови згради за Кембрички универзитет, Факултетот за англиски јазик во Сидгвик и Институтот за криминологија во Кембриџ.
Во 2022 година, Бејкон била претседателски кандидат за Кралскиот институт на британски архитекти, а сега е управителка, претседател на Групата за награда и член на извршен одбор.
Бејкон е активна поддржувачка на Жените во архитектурата и Архитектонската школа на Архитектонската асоцијација.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1962 година Категорија:Британски архитекти