Calystegia silvatica е најголемиот вид слачец, и е силно и брзорастечко растение. Потекнува од јужна Европа, но е донесено и во многу други области, бидејќи е привлечно градинарско растение. Подвидот Calystegia silvatica subsp. fraterniflora (Mack. & Bush) Brummitt потекнува од Северна Америка.

Има големи листови во форма на стрела и впечатливи бели цветови во форма на труба со дијаметар до 9 сантиметри. Се смета за плевел во некои области, каде расте диво. Лесно се шири преку издржливи ризоми. Постојат неколку подвидови.

Опис Calystegia silvatica е голо тревно повеќегодишно растение кое се витка во насока спротивна од стрелките на часовникот до висина до 5 метри. Листовите се распоредени наизменично на спиралното стебло на петиоли до 15 см. Листовите се матно зелени одозгора и побледи одоздола, едноставни во форма на стрела, до 15 см долги и до 9 см широки.

Цветовите се бели, понекогаш бледо розови само однадвор, се создаваат од доцна пролет до крајот на летото (помеѓу јули и септември во северна Европа). Пупките се опкружени со големи (4,8 см долги), овални, зелени прицветници збиени во основата, и за време на антезата тие тесно се преклопуваат. Отворените цветови се во форма на труба и со дијаметар од 6–9 см. По цветањето, плодот се развива како речиси сферична капсула, која е скриена од брактите. десно|мини|Зрел плод десно|мини|Розовоцветна сорта

Идентификација Најдобриот начин да се оддели овој вид слачец од големиот слачец (C. sepium) е со помош на прицветничињата, кои се наоѓаат под цветот и целосно или делумно ја опфаќаат чашката. Овој вид има кратки, пошироки прицветничиња кои се преклопуваат таму каде што се среќаваат, додека големиот слачец има потесни, подолги кои оставаат празнина меѓу нив, овозможувајќи поглед на чашката.

Вегетативно, овој вид може да се разликува од големиот слачец по обликот на синусот - празнината помеѓу лобусите во основата на листовите. Првиот има синус во форма на буквата U, за разлика од оној во форма на V кај вториот.

Во Македонија Расте на влажни места, во речни клисури, по рабови на шуми, покрај шумски патишта, и др. Го има на Скопска Црна Гора, Сува Гора, Таорска Клисура, Шар Планина, Пробиштип, како и на Беласица, Валандово, Прилеп, Демир Капија, Тетово, Јаотинце, Јегуновце, Водно, и Добра Вода.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 67-68, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Наводи

Надворешни врски

Флора на Северна Ирска Плевел во Нов Зеланд

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Слачец