Давид Темелков (р. Скопје, ) — македонски поп фолк пејач.

Животопис

Давид Темелков е македонски пејач препознатлив по својот моќен и емотивен вокал, кој многумина го сметаат за еден од најсилните во регионот. Роден е на 21 јуни 1992 година во Скопје, Република Македонија. Љубовта кон музиката ја покажува уште од најрана возраст, а на 12 години го започнува својот музички пат со настап на еден од најпознатите детски фестивали – Златно Славејче. Токму тој ран почеток го означува темелот на кариера која со текот на годините ќе се развие во импресивно уметничко дело.

Пошироката регионална препознатливост ја стекнува во 2015 година со учеството во музичкото шоу X Factor Adria, каде со своите интерпретации ја освојува публиката и критиката. Истата година се преселува во Загреб, каде што започнува неговиот посериозен професионален развој. Во соработка со издавачката куќа Hit Records го објавува својот прв студиски албум Дишам за нас, со кој го потврдува статусот на еден од најперспективните млади вокали на регионалната сцена.

Во 2020 година Давид ја основа својата дискографска куќа Identity Media, која служи како платформа преку која тој го претставува својот авторски и изведувачки труд пред пошироката јавност. Под етикетата на Identity Media, во ноември оваа година ќе излезе неговиот втор студиски албум со наслов СЛУШАЈ ЖИВОТОТ ШТОМ ДИКТИРА. Албумот содржи тринаесет авторски композиции што во целост ја прикажуваат пресликата на Давидовиот живот – искрените емоции, личните искуства и неговиот единствен уметнички печат.

Давид ги потпишува сите текстови и музика на албумот, а во аранжманите соработува со својот долгогодишен продуцент Кристијан Синковиќ, со кого дели ист музички сензибилитет и визија.

Во 2023 година, ја снима песната МОЈАТА МАКЕДОНИЈА по негов текст и музика, каде има и снимено и видео спот за песната. Во 2024 година, на Златна бубамара на популарноста добива награда за песна на годината.

На 19 март 2026 година, Давид го одржа својот прв солични концерт по повод 10 години кариера. Концертот беше насловен „Мојата Македонија", каде беше одржан во Македонски народен театар во Скопје.

Надворешни врски

Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи