Convolvulus compactus е вид на повивка опишана од Пјер Едмон Боасје. Convolvulus compactus е член на родот повивка и семејството повивки.

Опис и распостранетост Повеќгодишно тревесто растение препокриено со густи, прилегнати свиленкасти влакна, со задрвенето разгрането стебло и со густо збиени гранчиња, долги до 10 см, кои формираат перничести форми. Листовите целокрајни издолжено-лопатовидни, густо препокриени со куси прилегнати сребреникаво свиленкасти влакненца. Цветовите поединечни со куси дршки или по 2–4 во врвниот дел на гранчињата; прицветните листови линејни или линејно-копјести. Чашкините ливчиња нееднакви, препокриени со густи прилегнати куси свилести влакненца и со стрчести или полуприлегнати долги влакна; надворешните чашкини ливчиња јајцевидни, елиптични или ромбоидни, во врвниот дел постепено зашилени, 9–10 мм долги, до 5 мм широки, а внатрешните чашкини ливчиња обратнојајцевидни или елиптични, со широк ципест раб, во врвниот дел наеднаш затеснети и издолжени во долг шилест врв.

Расте по брдските пасишта, на серпентински камењари, од 150-600 метри.

Во Македонија го има во Жеденска Клисура, село Рашче, село Радуша и кон село Рогачево, Таорска Клисура. Се посочува за Јажинце, Велес, Влахчани.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 69, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Галерија со слики

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Повивки Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа