Карл Валтер (околу 1831 – 7 октомври 1907), познат и како Чарлс Валтер, — австралиски ботаничар и фотограф. Роден бил во Мекленбург, Германија, околу 1831 година и пристигнал во Викторија во 1850-тите.
Ботаничка работа мини|Prostanthera walteri Валтер открил и собрал нов вид нане на планината Елери, која во негова чест била именувана како Prostanthera walteri од страна на ботаничарот Фердинанд фон Милер во 1870 година. Се смета дека Валтер го придружувал тимот за геодетски истражувања предводен од астрономот Роберт Л.Ј. Елери, кој го истражувал Ист Гипсленд и границата со Нов Јужен Велс од 1869 до 1871 година.
Валтер собирал растенија во име на Анатол фон Хигел и бил придружуван од мисионерот Џорџ Браун во истражувањето на Бизмарков Архипелаг во 1875 година.
Во 1889 година, Валтер го собрал примерокотEucalyptus x brevirostris во регионот Горна Јара, а во текот на 1890-тите, собирал примероци во Австралиските Алпи, во придружба на Чарлс Френч помладиот.
Од 1890-тите до неговата смрт во 1907 година, Валтер бил раководител на одделот за економска ботаника во Технолошкиот музеј во Мелбурн.
Во 1906 година, Валтер опишал нов подвид на орхидејата Diuris punctata во „Викторијанс натуралист“, врз основа на растителен материјал собран на планината Арапилес од Сент Елој Д'Алтон. Тој ја нарекол Diuris puncata var. d'Altoni, подоцна ревидирана во daltoni.
Наводи
Категорија:Родени во 1830-тите Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Починати во 1907 година
Категорија:Австралиски ботаничари