мини|десно|Електронски флипер-апарат Флипер () — вид аркадна игра во која играчот собира поени управувајќи со едно или повеќе метални топчиња на играчко поле покриено со стакло (на флипер-апарат), со помош на рачки (флипери). Главната цел на играта е да се соберат што е можно повеќе поени. Втората по важност цел е максимално да се продолжи времетраењето на играта (со помош на дополнителни топчиња) и да се добие бесплатна игра (позната како replay).Arcade-Style Game Design – Pinball's Connections to Coin-Op Videogames
Историја на флиперот
Развој на игрите на отворено Потеклото на флиперот е поврзано со развојот на многу други игри. Суштината на игрите на отворено, која се состоела од тркалање топки или камења на трева (боче, боулз), се преобразила: отсега требало да се удираат топките со стап (или палка) за да се постигне одредена цел (крокет, шафлборд). Овие игри се префрлиле во затворени простории и се играле на маса (билјард, карамбол) или на под (куглање). Верзиите на овие игри на маса станале претходници на флиперот.
Багател Историјата на флиперот започнува во времето на владеењето на францускиот крал Луј XIV. Еднаш, некој од неговите современици се досетил да ја намали билјардската маса и на едниот нејзин крај да набоде иглички. Од спротивната страна, играчите требало со помош на так да го испукаат топчето во нивен правец — тоа се одбивало од пречките и паѓало во дупки што имале различна вредност. Со правилно пресметување на аглите на одбивање, мајсторите ги праќале топчињата во саканите отвори, а самиот процес силно потсетувал на карамбол.
Во 1777 г., на една од дворските забави одржани во имотот Шато де Багател, на гостите им била понудена нова забава. Сите останале задоволни, па братот на кралот веднаш ја нарекол играта по неговиот имот. Bagatelle (од француски: безболна работа или ситница) им се допаднала не само на благородниците, туку и на обичниот народ, и за кратко време се раширила низ целата земја. Француските војници дури ја земале играта со себе во воените походи кога заминувале во Америка да се борат против Британците за своите колонии. Благодарение на нив, играта се проширила и низ Новиот Свет, станувајќи толку популарна што на нејзина тема почнале да се цртаат дури и политички карикатури.
Наводи
Надворешни врски
Internet Pinball Database World's largest online searchable database of pinball machines Pinballhistory.com Pictures and history of historic pinball machines
Категорија:Поединечни спортови