Pragmata (, македонски: Прагмата, букв. нешта, дела) — акционо-авантуристичка игра од 2026 г., развиена и објавена од компанијата Capcom. Сместена на лунарна истражувачка станица, играта го следи вселенскиот патник Хју и андроидот Дијана додека работат заедно за да се борат против непријателската вештачка интелигенција позната како IDUS што ја управува станицата, со цел да се вратат на Земјата. Играта била објавена на 17 април 2026 г. за PlayStation 5, Windows, Xbox Series X/S и Nintendo Switch 2.
Играчки процес Pragmata е акционо-авантуристичка игра што се игра од трето лице. Играчот може да ги управува и Хју и Дијана истовремено, додека бараат начин да избегаат од лунарната станица преплавена со непријателски роботи. Хју е опремен со огнено оружје и ракетен ранец, кој му овозможува да ги избегнува нападите и да достигне далечни области. Куршумите не можат да го пробијат оклопот на роботите, но Дијана може да се пробие во нивниот одбранбен систем, онеспособувајќи го и откривајќи ја слабата точка за Хју да може да нападне.
Во секоја загатка за пробивање, играчот мора да го води курсорот низ мрежата за да стигне до целната плочка, избегнувајќи ги пречките и активирајќи незадолжителни бонусни јазли што можат да донесат дополнителни предности во борбата, како што е зголемена штета од оружјето на Хју. Загатките се решаваат во реално време, што значи дека Хју мора да ги избегнува непријателските напади додека трае секој дел од пробивањето.
Содржина На истражувачка станица на Месечината што на прв поглед изгледа безживотно, космонаутот Хју и андроидот Дијана стануваат удар на непријателска вештачка интелигенција што управува со станицата. Тие мораат да ги обединат силите за да ја победат вештачката интелигенција и да се вратат на Земјата.
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за PlayStation 5 Категорија:Игри за Nintendo Switch 2 Категорија:Игри за Xbox Series X/S Категорија:Пукачки игри од трето лице