thumb|десно|Современите ткаенини фурошики се популарна и еколошка алтернатива на хартијата за пакување подароци. thumb|десно|Две кутии со домашно бенто, спакувани и пренесени во фурошики. Фурошики ()Неверов С. В., Попов К.А., Сыромятников Н. А., Фельдман Н. И., Цын М. С. Большой японско-русский словарь / под. ред. Н. И. Конрада. — М.: «Советская энциклопедия», 1970. — Т. 2. — С. 395. (руски) — буквално се преведува како „постилка за бања“ и претставува квадратно парче ткаенина, кое традиционално се користи во Јапонија за виткање, пакување и пренесување предмети со најразлични облици и големини.
Историја Во минатото, во јапонските јавни бањи (офуро), било вообичаено посетителите да носат лесни памучни кимона што ги подготвувале од дома. Секој посетител со себе носел и посебна постилка (шики), на кое стоел додека се соблекувал. Откако ќе се пресоблечел во бањското кимоно — јуката (јап. 浴衣, „облека за бања“), посетителот ја завиткувал својата секојдневна облека во постилката. По бањањето, во истата постилка го завиткувал мокрото кимоно за да го пренесе до својот дом.
На тој начин, едноставната постилка за бања постепено се претворала во повеќенаменска торба.
Материјали и димензии Леснотијата при виткањето и цврстината станале клучни чинители при изборот на ткаенина за изработка на фурошики. Дебелите и груби ткаенини со тек на време биле заменети со потенки, но многу поиздржливи материјали. Постепено, најголемиот дел од овие платна почнале да се изработуваат од памук. Денес, фурошикито се прави од памук, свила и мешани ткаенини, најчесто со должина на страните од 40 до 80 сантиметри.
Употреба Фурошикито е исклучително практичен за употреба: ткаенината целосно се прилагодува и го поприма точниот облик на предметот што се завиткува, а направените јазли служат како рачки што овозможуваат лесно пренесување на товарот. Покрај неговата практична намена, во јапонската култура се смета дека подарокот што е завиткан во мека, повеќеслојна ткаенина наместо во крута хартија, добива посебна естетска вредност и изразува поголема почит кон примачот.
Најраспространети се размерите со страни од 45 см и од 68 до 72 см, иако не постојат строго стандардизирани големини: тие можат да варираат од големина на обично џебно марамче па сѐ до големина на постелнина.
Поврзано Бенто Кимоно Оригами
Наводи
Надворешни врски
Some common furoshiki folding patterns Youtube: Kakefuda, Kyoto
Категорија:Јапонска култура Категорија:Амбалажа Категорија:Текстил Категорија:Модни додатоци Категорија:Јапонски поими